Македонски Shqip English

Конференцијата “Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството”

„Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството”

Институтот за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со
Здружението на судии и Здружението на судска администрација Ве поканат на конференцијата
“Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството”.
Конференцијата ќе се одржи на 2 април 2019 (вторник) во хотел Мериот со почеток од 11:00
часот.
Настанот е дел од ИПА II проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството”
финансиран од ЕУ преку Секторот за централно финансирање и склучување договори, при
Министерството за финансии.
На конференцијата ќе се презентираат активностите и целите на проектот, како и ќе се елаборира
и дебатира потребата од заедничката заложба на здруженијата на граѓани и професионалните
здруженија за поуспешни судски реформи.
Во продолжение Ви ги испраќаме поканата и деталната агенда за конференцијата.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на адресата ihr@ihr.org.mk  или на телефонскиот
број 2 324 3332 најдоцна до 29 март (петок) 2019 година до 14 часот. Лице за контакт Маја
Стојаноска.

АГЕНДА:

 

10.30 – 11.00

Пристигнување и регистрација

11:00 – 11:30

Отворање на конференцијата: Воведни излагања

Маргарита Цаца Николовска, претседателка, Институт за човекови права

Рената Десковска, Министерка за правда 

Преставник на Секторот за Централно финансирање и склучување на договори 

Лидија Стојкова Зафировска, претседателка, Центар за правни истражувања и анализи

                                                                       Модераторка: Снежана Лупевска Созен

 11.30 -  11.50

Панел дискусија I – Иницирање на заедничка заложба за подобри достигнувања во судството

Маргарита Цаца Николовска, претседателка, Институт за човекови права

Лидија Стојкова Зафировска, претседателка, Центар за правни истражувања и анализи

                                                                      Модераторка: Снежана Лупевска Созен

11.50 – 12.00

Кафе пауза

12.00– 12.30

Панел дискусија II – Потребата од заедничка заложба на професионалните здруженија и институциите за подобри достигнувања во судството

Џемали Саити, претседател, Здружение на судии

Борче Мирчески, претседател, Здружение на судска администрација

Наташа Габер Дамјановска, директорка, Академија за судии и јавни обвинители

                                                                       Модераторка: Снежана Лупевска Созен

12.30– 13.00

Дискусија

13:00 – 14:00

Коктел