Македонски Shqip English

Прес-конференција за итно донесување на предлог - Законот за спречување и заштита од дискриминација.

На 28 февруари 2019 година, во 10 часот пред Собранието на Република Северна Македонија се одржа прес-конференција за итно донесување на предлог - Законот за спречување и заштита од дискриминација.

На прес-конференцијата беа изнесени барањата за итно донесување на предлог - Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на 7 мрежи на граѓански организации и 100 здруженија и фондации кои ги застапуваат правата на различни групи граѓани кои секојдневно се соочуваат со некаков вид дискриминација. Институтот за човекови права беше дел од организацијата и го поддржа настанот во рамките на својот проект „Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.