Македонски Shqip English

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Обука за жени претприемачи за развој на микро-претпријатија во регионот Полог - Р. Македонија

Иститутот за човекови права (ИЧП) на 17-ти декември 2018 година во соработка со Центар за управување со промени (ЦУП) и Фондација Егалите, во хотел Лирак, Тетово, одржа Обука за жени претприемачи за развој на микро-претпријатија во регионот Полог Р. Македонија во рамките на проектот „Развој на микро претпријатија на жени во прекугранична област„ поддржан од Делегација на Европската унија како дел од Програма за прекугранична соработка на Република Македонија – Албанија за 2014 и 2015.

Првата  од предвидените 12 обуки на двете страни на границата, беше на тема „Женски права и родова еднаквост, трговско право и отворање на трговски друштва“ и даде сеопфатен осврт на законските регулативи и потребните обрасци и документи во Р.Македонија поврзани со релевантните теми. Презентираните теми се дел од Сервисот за правни-советодавни услуги обезбеден за жените во однос на сите прашања поврзани со управувањето и администрирањето на нивниот бизнис.

слика 3.JPG (3.50 MB)