Македонски Shqip English

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Обука за жени претприемачи за развој на микро-претпријатија во регионот Елбасан Р. Албанија

Институтот за човекови права (ИЧП) на 11-ти февруари 2019 година во хотелот Империал, Елбасан, одржа Обука за жени претприемачи за развој на микро-претпријатија во регионот Елбасан Р. Албанија во рамките на проектот „Развој на микро претпријатија на жени во прекугранична област„ поддржан од Делегација на Европската унија како дел од Програма за прекугранична соработка на Република Македонија – Албанија за 2014 и 2015.

Обуката беше на тема „Женски права и родова еднаквост, трговско право и отворање на трговски друштва“ и даде сеопфатен осврт на законските регулативи и потребните документи во Р.Албанија поврзани со релевантните теми. Презентираните теми се дел од Сервисот за правни-советодавни услуги обезбеден за жените во однос на сите прашања поврзани со управувањето и администрирањето на нивниот бизнис.