Македонски Shqip English

Вечери на женски права 2018

Премиера на докуменарниот филм „Еднакви“

Вечерите на женски права 2018 продолжија со премиерната проекција на документарниот филм „ЕДНАКВИ“, во режија на Владимир Митревски, а во продукција на Институтот за човекови права и Сектор Филм.

Со филмот „Еднакви“ ја одбележуваме 110 годишнината од борбата за родова еманципација на нашите борки Роза Плавева и Наќие Бајрам.

Премиерата беше одржана на 03.04.2018 година во Младинскиот Културен Центар.

По проекцијата на филмот следеше дебата на која модератор беше Ана Јовковска, а во неа учествуваа три успешни жени кои го раскажаа својот пат до успехот и тоа: Гордана Нацева (поранешна голманка на ракометната репрезентација на Македонија и Директорка на РК Вардар), Васка Бајрамовска – Мустафа (заменик Правобранител на РМ) и Нина Ангеловска (Директорка на Групер).

На премиерата на документарниот филм и дебатата присуствуваа над 80 заинтересирани поддржувачи кои беа дел од публиката.