Македонски Shqip English

Вечери на женски права 2018

8ми март одбележан со настан во рамките на Вечери на женски права 2018

Институтот за човекови права го организираше настанот за 8ми март кој се одржа во МКЦ – Кино Фросина во соработка со Канцеларијата на UN Women во Скопје, под покровителство на Град Скопје и во соработка со Шведската Амбасада во Скопје.

Програмата се состоеше од проекција на документарен филм „Граници и ветувања“ и споделување на пет лични примери непосредно од познати личности во македонската јавна сфера.

По проекцијата на шпанскиот документарен филм, своите размислувања и приказни за феминизмот, еманципацијата, женскиот активизам и многу други теми, во разговор со модераторката Ана Јовковска ги споделија Лабина Митевска, Мерсиха Смаиловиќ, Ненад Марковиќ, Ана Бунтеска и Огнен Јанески, како и Елена Пренџова со својот слем поезија перформанс. Потоа дружењето продолжи со бендот „Џун“ во холот на Кино „Фросина“, каде публиката имаше можност да ја разгледа и изложбата „Признаените vs. невидливите жени“ составена од шведската изложба „Пионерските чекори во воведувањето на надворешна феминистичка политика“ и македонскиот „еквивалент“ во кој беа претставени невидливите жени од нашата историја.

За промоција на овој настан како и на другите активности во рамките на овој проект претставници на ИЧП заедно со претставници на Град Скопје и UN Women гостуваа на утрински емисии и тоа на Телма, ТВ 24 (два пати) и Сител.