Македонски Shqip English

Повик за ангажирање на две лица

Повик за ангажирање на две лица


1. ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Институтот за човекови права Скопје распишува повик за Проектен координатор со целосно работно време (40 часа неделно) за период од 10 (десет) месеци со можност за продолжување.


*Обврски во рамки на ангажманот:
    • професионално, навремено, совесно и одговорно спроведување на проектните активности од областа на недискриминацијата со цел постигнување на предвидените резултати (анализа и подготовка на правни документи, организирање состаноци од помал и поголем обем, јавни настани, кампањи, поддршка на правни професионалци во работа на индивидуални случаи во постапки пред македонските институции, изработка на извештаи за спроведените активности, постигнатите цели и сл.);
   • секојдневна посветена соработка со останатите членови на проектниот тим и со сите членови на управните и извршните органи на ИЧП;
   • редовна комуникација со целните групи кои биле или се чувствуваат дискриминирани во конкретен животен настан;
   • извршување на други задачи во согласност со потребите на ИЧП.


*Потребно формално образование:
   • завршени мастер студии (300 ЕКТС кредити) или завршено VII/1 ниво високо образование на правни студии или друга релевантна област (човекови права, родови студии и сл.). За предност ќе се смета неформално образование и постигнувања (награди, трудови...) во областа на човековите права и/или положен правосуден испит.


*Потребни вештини и практично искуство:
   • најмалку 1 (една) година работно искуство во здружение на граѓани како координатор на проекти од областа на човековите права и/или работно искуство во адвокатурата и/или во судството;
   • одлично познавање на македонски и англиски јазик и високо ниво на толеранција и разбирање на различностите;
   • висока способност за работа на компjутер и интернет (Word, Excel, Power Point, Outlook, Dropbox, Google Drive и сл.), како и активно користење на мобилни апликации и желба за работа на современи технологии и трендови;
   • одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
   • флексибилност за тимска работа во динамична средина, работа во и надвор од канцеларија, подготвеност за комуницирање со различни целни групи.


Потребни документи за пријавување:

   • CV – кратка биографија во европски формат на македонски и англиски јазик;
   • мотивациско писмо до 2.000 карактери (вклучувајќи ги и празните места).

 

2. ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ / АСИСТЕНТ ИСТРАЖУВАЧ

Институтот за човекови права Скопје распишува повик за Проектен асистент/ асистент истражувач со целосно работно време (40 часа неделно) за период од 10 (десет) месеци со можност за продолжување.


*Обврски во рамки на ангажманот:
   • професионално, навремено, совесно и одговорно асистирање во спроведувањето на проектните/истражувачките активности со цел постигнување на предвидените резултати (асистирање при анализа и подготовка на истражувања, организирање состаноци од помал и поголем обем, јавни настани, кампањи, поддршка на истражувачи, проектни координатори, на правни професионалци, асистирање во изработка на извештаи за спроведените активности, постигнатите цели, обезбедување видливост на спроведените активности и сл.);
   • секојдневна посветена соработка со останатите членови на проектниот тим и со сите членови на управните и извршните органи на ИЧП;
   • редовна комуникација со различни целни групи;
   • извршување на други задачи во согласност со потребите на ИЧП.


*Потребно формално образование:
   • завршени мастер студии (300 ЕКТС кредити) или завршено VII/1 ниво високо образование од оштествените науки од релевантната област (човекови права, родови студии, политички студии, новинарство, безбедност, правни студии и сл.). За предност ќе се смета неформално образование и постигнувања (награди, трудови...) во областа на човековите права.


*Потребни вештини и практично искуство:
   • одлично познавање на македонски и англиски јазик и високо ниво на толеранција и разбирање на различностите (познавање на кое било ниво на албански јазик ќе се смета за предност);
   • висока способност за работа на компjутер и интернет (Word, Excel, Power Point, Outlook, Dropbox, Google Drive и сл.), како и активно користење на мобилни апликации и желба
за работа на современи технологии и трендови;
   • одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
   • флексибилност за тимска работа во динамична средина, работа во и надвор од канцеларија, подготвеност за комуницирање со различни целни групи;
   • работно искуство во здружение на граѓани на проекти од областа на човековите права ќе се смета за предност.


Потребни документи за пријавување:
   • CV – кратка биографија во европски формат на македонски и англиски јазик;
   • мотивациско писмо до 2.000 карактери (вклучувајќи ги и празните места).


Рок за пријавување: 14.02.2019 година (четврток).
Кандидатите може да ги достават документите електронски на емаил: ihr@ihr.org.mk и miroslav.draganov@ihr.org.mk во наведениот рок за пријавување, при што предмет на пораката да биде: ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС (и позицијата за која се пријавува кандидатот/ката).


Пријавите пристигнати по наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Сите прашања кандидатите може да ги постават по електронски пат на наведените емаил  адреси најдоцна до вторник, 12.02.2019 година (вторник), до 16:00 часот.

Забелешка: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор согласно наведените критериуми, ќе бидат контактирани најдоцна до 22.02.2019 година (петок).