Македонски Shqip English

Завршување на тримесечната пракса на Александер Џонсон од САД и презентација на неговото истражување

Нашиот практикант од САД, Алекс Џонсон, одлично го презентираше своето истражување на тема Заштита од дискриминација на работното место за малцинските работници во Македонија, со фокус на малцинските работници во приватниот бизнис сектор во Скопје.
15.8.2018 , исто така, беше и неговиот последен ден во канцеларијата на ИЧП по тримесечната пракса во извршната канцеларија на ИЧП.
Алекс беше од голема помош во сите наши проекти и во севкупното работење на ИЧП. Му благодариме за неговиот придонес и му посакуваме многу успех во неговите студии на Универзитетот во Мичиген.  Линк до неговото истражување:  
Заштита од дискриминација на работното место за малцинските работници во Македонија
EF5E599F-46BA-4B62-B17E-FB0B18674B63.JPG (139 KB)
8A19AC58-6A24-40A7-9C55-057C70FD9254.JPG (143 KB)
98557E2D-940D-4CC2-9B82-B42CF749C3EB.JPG (219 KB)