Македонски Shqip English

Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!

Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!

20 јуни 2018, 17.00 час, Јавна соба, Скопје

Википедија е најголемата и најкористената светска онлајн енциклопедија чија содржина е
креирана од волонтерски придонес од страна на нејзините корисници, со голем потенцијал да
влијае врз нашиот светоглед. Од нејзиното креирање во 2001, таа има околу 47 милиони статии
на 299 јазици, a македонската верзија на енциклопедијата моментално има 94.693
енциклопедиски статии и целта и е да го собере целото човеково знаење на македонски јазик;
знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого.
Но, како и во други делови на општеството, постои родова нееднаквост на веб страницата по
однос на застапеност на статии за жени и за прашања поврзани со женските права или родовата еднаквост. Глобална статистика е дека има 4 пати повеќе статии за мажи отколку за жени и 90% од содржината е креирана од мажи. Иако овие бројки имаат регионални варијации, јасен е фактот дека информациите поврзани со жените се многу помалку застапени од тие за мажите.
Затоа, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во
партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам, меѓу кои и Институтот за човекови права, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Преку овој повик за волонтери, сакаме да ве поканиме да се вклучите во оваа иницијатива и
заеднички да го комбинираме нашето знаење и интерес да го адресираме родовиот wiki јаз во
Македонија.


Што е #WikiGap?
Wikigap е всушност глобална шведска иницијатива со идеја за премостување на овие разлики и
родови нееднаквости кои опстојуваат во онлајн светот, која до сега генерираше околу 3000 нови
или проширени биографии на жени на Википедија. Повеќе од 1600 учесници во 50ина земји до
сега беа инволвирани во пишување статии за жени на повеќе од 30 јазици.


Што е edit-a-thon и како ќе се одвива настанот?
Edit-a-thons се настани на коишто онлајн заедниците, од типот на Википедија и др. уредуваат
содржини или подобруваат специфични теми или содржини.
На овој #WikiGap edit-a-thon ќе подобруваме теми и содржини кои се во функција на
унапредување на родовата еднаквост и застапеноста на жените во онлајн светот.
Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни
полиња на општественото живеење (уметност, наука, бизнис, борки за женски, социјални,
општествени права...), посебно жени за кои не може да се најдат податоци така лесно. Период
кој е во фокус е од втората половина на 19ти век, до првата половина на 20ти век, но оставаме
и поширока временска рамка да се вклучат содржини – за истакнати жени или настани, кои не
се видливи во онлајн просторот.


Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа:
1. статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина
ќе биде искреирана врз база на стручна литература и сигурни и веродостојни извори;
2. преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на
македонски јазик.


Распоред на настанот
17.00: Пристигнување на учесниците и неформално дружење и запознавање
17.30: Кратко поздравно обраќање на амбасадорот на Шведска Матс Стафансон и
партнерските организации
17.45: Презентација на Споделено знаење - Како се внесуваат содржини на Википедија?
18.15-21.30: Уредување статии со пауза за храна и дружење


Кој може да земе учество?
Сите заинтересирани млади лица, студенти и млади активисти кои сакаат да придонесат за
намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во
онлајн Википедија енциклопедијата на македонски јазик. За нивното учество ќе добијат
сертификат од Шведската амбасада дека земале учество во настанот.
Доколку сакате да бидете дел од оваа иницијатива, ве покануваме да се регистирате на
следниот линк до недела, 17ти јуни: https://goo.gl/forms/q0cDTuJKiPU6gm5G2
По потврдата за учество и пред настанот, волонтерите ќе треба да се регистрираат на Википедија
како уредувачи (доколку немаат веќе кориснички профил), најдоцна до еден ден пред самиот
настан.
Бројот на учесници ќе биде ограничен според можностите кои ги нуди просторот во Јавна соба.