Македонски Shqip English

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Почитувани,

Со жалење Ве известуваме дека почина нашиот истакнат член на Институтот за човекови права – Стамен Филипов, пензиониран правник од АРМ со чин потполковник, кој своите пензионерски денови ги посвети на поднесување на иницијативи пред Уставен суд за преиспитување на уставноста на многу закони и законски решенија. Тој помеѓу членовите на ИЧП беше познат како голем стручњак и воедно добар пријател кој што несебично ја даваше својата експертиза за успешно спроведување на активностите на ИЧП.

Изразуваме длабоко сочувство на потесното и пошироко семејство поради неговата смрт