Македонски Shqip English

Покана за Форум за човекови права посветен на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија

Почитувани,

Институтот за човекови права (ИЧП) Ве поканува на Форумот за човекови права посветен на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија кој го организира по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи - 10-ти декември.

Форумот ќе се одржи на 6 декември 2017 година (среда) во ЕУ Инфо Центар со почеток во 14.00 часот.

Овој Форум e дел од активностите кои се реализираат во рамките на Институционалниот грант поддржан од Програмата Цивика Мобилитас.
На Форумот ќе биде ставен акцент на моменталната состојба и промовирањето, почитувањето, гарантирањето и заштитата на човековите права и слободи на маргинализираните групи во Република Македонија. Исто така, ќе биде промовирано и видеото „Илустрирани човекови права“ кое ИЧП го изработи по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи - 10-ти декември. 
На Форумот ќе бидат изложени и фотографиите кои што ни пристигнаа на објавениот конкурс на тема: „Човековите права преку слика“.
Присутните на Форумот ќе имаат можност да ги изберат најдобрите три фотографии пристигнати на конкурсот.
На Форумот за човекови права говорници ќе бидат: Маргарита Цаца Николоска - Претседателка на ИЧП и поранешна судијка на ЕСЧП и судијка и потпретседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, Васка Бајрамовска Мустафа - Заменик народен правобранител, Петруш Тоинес - Меѓународен лидер на тимот на програмата Цивика мобилитас, Искра Росо - Извршна директорка на здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ, Петар Јорданоски - Канцеларија на Совет на Европа во Скопје. Се очекува официјална потврда за присуство на претставник од Министерството за труд и социјална политика.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на англиски јазик.

Ве молиме потврдете го Вашето присуство на: ihr@ihr.org.mk или на телефон: 02/ 3243-331 најдоцна до понеделник - 5.12.2017 до 14 часот.

Предлог програмата е достапна на овој линк. 

Срдечно,
Институт за човекови права