Македонски Shqip English

Прв мониторинг извештај „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“

Првиот мониторинг извештај „РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО – ОД ПРИБЕ 1 ДО ПРИБЕ 2 И ПОТОА“ е изработен во рамките на проектот  „Заедничка акција за итни реформи во судството“ кој е реализиран од страна на Институт за човекови права(ИЧП) како носител на проектот, во соработка со Македонско здружение на млади правници(МЗМП) и Институт за европска политика(ЕПИ).

Овој мониторинг извештај е базиран на итните реформски приоритети, од јуни 2015 година, во делот на владеењето на правото и судството – сектор правосудство (кои за основа го имаат првиот Извештај на експертската група, предводена од Рајхард Прибе, од 2015 година), и на вториот Извештај на експертската група, предводена од Рајхард Прибе, од септември 2017 година. Прибирањето на податоците за овој извештај главно беше базирано на изработената Методологија за следење на институции од правосудниот систем на Република Македонија со цел идентификување на реформите кои беа утврдени како приоритет (ИРП).

На 21.11.2017 во Хотел Арка се одржа презентацијата на овој извештај при што имаше плодна дискусија од сите засегнати страни. Заклучоците и насоките искажани во рамките на дискусијата ќе бидат земени предвид и ќе бидат дополнителна основа за изработување на следниот Квартален извештај. 

 

   

 

Заклучоците од Првиот мониторинг извештај на Албански јазик можете да ги најдете на следниот линк