Македонски Shqip English

Повик за објавување на статии во „Правен дијалог“

Почитувани,

 

Институтот за човекови права (ИЧП) објавува повик за објавување на статии во стручното списание „Правен дијалог“ во рамките на Институционалниот грант, поддржан од програмата на Цивика Мобилитас. „Правен Дијалог“содржи статии на актуелни теми од областа на човековите права и владеењето на правото, а излегува во електронски формат, на секои три месеци, на веб-страницата на ИЧП.

 

Сите изминати броеви на „Правен дијалог“ се достапни на веб страната на ИЧП (www.ihr.org.mk).


Овој број на Правниот дијалог (број 16) одлучивме да биде тематски, така што ќе биде посветен на човековите права на маргинализираните групи.

 

Во изработката на статиите задолжително е следење на приложеното упатство.

 

Краен рок за доставување на статиите е 01 декември 2017 година.

УПАТСТВО ЗА ОБЈАВА НА СТАТИЈА ВО ПРАВЕН ДИЈАЛОГ

 

Со почит,

Тимот на Институт за човекови права