Македонски Shqip English

Повик за објавување на статии во „Правен дијалог“

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на Институционалниот грант, поддржан од програмата на Цивика Мобилитас, објавува повик за објавување на статии во електронското стручно списание „Правен дијалог“. 


Стручното списание „Правен дијалог“ содржи статии на актуелни теми од областа на човековите права и владеењето на правото, а излегува во електронски формат, на секои три месеци, на веб-страницата на ИЧП.

 

Сите објавени броеви на „Правен дијалог“ се достапни на веб страницата на ИЧП.

   
Ги охрабруваме сите заинтересирани кои сакаат да придонесат со свој труд да нѐ контактираат на: ihr@ihr.org.mk за понатамошни упатства.

 

На авторите на трудовите кои ќе бидат избрани за објавување, ќе биде исплатен содветен паричен надомест. 

 

Во изработката на статиите задолжително е следење на приложеното упатство. 

 

Краен рок за доставување на статиите е 22 септември 2017 година.

 

Со почит,

Тимот на Институт за човекови права