Македонски Shqip English

Александар Наков

Притворот - последна од мерките за обезбедување присуство на обвинетиот за успешно водење на кривичната постапка, најголем атак на основните човекови слободи и права

Притворот како последна од мерките за обезбедување на присуство на обвинетиот за успешно водење на кривичната постапка од чл.164 од ЗКП е и најстрогата мерка што ја предвидел законодавецот.

Мерката притвор законодавецот ја определил какао последна  од деветте мерки предвидени во ЗКП, со што бил јасен дека оваа мерка судот треба да ја определува само во крајни случаи кога ќе најде дека за истата се исполнети сите законски услови и дека со друг вид на мерки не би се постигнала целта за успешно водење на Кривичната постапка.

Заради заштита  на основните права и слободи на човекот и граѓанинот во чл.144 ст.2 од ЗКП, при одлучувањето која од предвидените мерки ќе ја примени, надлежниот орган ќе се придржува кон условите определени за примена на одделни мерки, водејќи сметка да не се применува потешка мерка ако истата цел може да се постигне со поблага мерка, со тоа што судот може спрема обвинетиот истовремено да определи повеќе мерки, освен кога ќе ја одреди мерката притвор.

До која мерка се заштитени правата и слободите на човекот, во нашето законодавство може да се види како од Уставот на РМ[1], така и од Законот за кривична постапка[2] (ЗКП), а исто така и од Законот за судовите[3].  

Во членот 12 алинеја 1 од Уставот на РМ е нормирано дека слободата на човекот е неприкосновена.                                                                     

Во членот 13 алинеја 1 исто така од Уставот на РМ, е регулирано дека лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино, се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.

Во членот 2 став 1 од ЗКП, императивно е нормирано да лицето обвинето за кривично дело ќе се смета за невино, се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.                                                Во членот 2 став 2 од Законот за судовите, е содржано дека судиите во примена на правото ги заштитуваат човековите слободи и права. Заради сето тоа во заштитата на основните човекови права и слободи конкретно Јавно Обвинителство (ЈО) има основано сомневање за сторено кривично дело од одредено лице или е издадена наредба за спроведување на истражна постапка, судијата на претходна постапка почитувајќи го начелото на пресумпција на невиност има на располагање една цела лепеза  од мерките за обезбедување на присуство на обвинетиот за успешно водење на Кривичната постапка. Предвидени се следните мерки:покана, мерки на претпазливост, гаранција, приведување, лишување од слобода, задржување, краткотраен притвор, куќен притвори притвор.

Општо е познато дека кај нас, а тоа е признаено од сите надлежни органи и од овластени и стручни лица и тоа како во земјата, така и во странство, а тоа на големо се зборува и во фелата на правосудството, дека законите се јасни и добри и како такви даваат можност  за нивна примена во заштита  на основните човекови слободи и права, но дека се греши или одбегнува, намерно или не нивната примена во пракса.

За тоа зборуваат и меѓународни извештаи како што се извештајот на Прибе, Европската комисија и др. Таков е случајот за жал и со определувањето на мерката притвор, која иако се предвидува како мерка која треба да се примени во крајни случаи од богатото скалило на мерките за обезбедување на  присуство  на обвинетиот за успешно водење на кривичната постапка, по некое непишано правило, судијата на претходната постапка секогаш ја определува, кога таква мерка е предложена од Основното јавно обвинителство (ОЈО).                                        

            Со донесувањето на новиот ЗКП и неговата примена од 01.12 2013 год. работите остануваат исти се до донесувањето на Законот за јавно обвинителство[4] за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, во 2015 год.                                                                    

Со измените и дополнувањата на ЗКП улогата на Јавниот обвинител е драстично изменета. Се замени континенталното право со англосаксонски тип на право односно водење на кривичната постапка. Истражниот судија како „цар“ на постапката ја изгуби таа улога и својството на dominus litis во кривичната постапка му припадна на Јавниот обвинител. Така во членовите од 39-52 на ЗКП се определија, правата и обврските на Јавниот обвинител. Со членот 41 од ЗКП е одредена раководната улога на Јавниот обвинител  во предистражната постапка. Понатаму освен правото и должноста на JO врз основа на принципот на легалитет да го презема кривичното гонење, многу прецизно во членот 42 од ЗКП е регулирано и неговото право да се откаже од веќе преземеното гонење - принципот на мутабилитет. Во членот 43 од ЗКП е регулирано и правото на одложено гонење итн.                                                                         

Поради актуелноста на прашањето за притворот, донесувањето на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 2015 год. и појавата на двојните аршини на судот при донесување на одлуките по предлог на Специјалното јавно обвинителство за определување на мерка притвор од судија на претходна постапка итн, повторно се враќаме на оваа актуелна и жешка тема во времето во кое живееме и работиме на некоја од правосудните  функции.

Во членот 165 од ЗКП се определени основите за одредување на мерката притвор. Според овој член, ако постои основано сомневање  дека определено лице сторило кривично дело, доколку притворот е неопходен за непречено водење на  кривичната постапка, против тоа лице може да се определи притвор ако:                                                                            1.се крие, ак%D