Македонски Shqip English

Вафире Мухареми

СОЦИО-ЕКОНОМСКОТО, КУЛТУРНОТО И ОБРАЗОВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА БЕГАЛЦИТЕ ВО ДРЖАВИТЕ ДОМАЌИНИ

 

Во овој труд ќе се осврнам кон реалниот, животниот, односно вистинскиот аспект на доживување на бегалците од страна на домицилното население на државите кои ги прифаќаатбегалците. Притоа, ќе направам анализа на поединечни држави. Бегалците се луѓе кои најчесто никогаш не го напуштиле своето место на живеење, малкумина од нив биле во наредното село, а ретко кој излегол надвор од државните граници.1 Оваа бегалска криза е различна од сите претходни затоа што станува збор за бегалци кои доаѓаат од сосема поразлично поднебје од тоа на земјите кон кои се упатени, освен културниот, религиозниот и нивниот начин на живот и сфаќaња се сосема поразлични од државите во кои се баратели на азил, дополнително прифаќањето во азил бара и интеграција на овие луѓе. Така се создаваат два табора во државите домаќини од кои едниот е благонаклонет и ги прифаќа овие новости, но другиот остро се спротивставува и не сака тоа што до денес го граделе да биде променето или уништено на некој начин,посебно не од туѓинци кои ги прифатиле „на гости“,но не треба да се претерува со длабочината на ова разбирање затоа што на крајот на денот ,,помошта на бегалците не е милостина, туку е нивно право“,2 но исто така имаат обврска да се потчинат на законите на земијте каде што престојуваат и да ги почитуваат, и, од нив се очекува да се прилагодат на стандардите на живот на овие земји домаќини.

Социо-економски аспект

Рутата започнува од Турција и од економски аспект, секојдневно слушаме и сме сведоци на нови сè потешки услови за прилагодување на бегалците, посебно од економски аспект. Имено, бегалците во Турција не може да уживаат статус на азил3, затоа тие немаат и право да се вработат. Од тие причини

тие се приморани својот труд да го понудат на сивиот пазар на труд, тоа ја зголемува невработеноста на Турското население затоа што работодавачите тргнувајќи од својот интерес и основниот принцип да создадат што поголем профит тие пребегнуваат да ги користат услугите на трудот на бегалците. Второ, тие на тој начин ги избегнуваат и осигурителните трошоци.4 Понатака, кога се обезбедуваат посебни услуги за овие „привремени гости“ државјаните се иритираат затоа што дел од државната каса се троши за бегалците. Дополнително тензијата ја зголемуваат и скорешните бомбашки напади на Исламската држава во турските градови Суруџ, Газиантеп, Истанбул, Анкара и Измир. Огнот го разгорува и преголемиот број на овие бегалци кои што не живеат во соодветните кампови туку поради нивната бројност сега тие се бездомници кои живеат во јавните места на овие градови. Така, неретко сме сведоци на слики од уништени јавни паркови, смет низ улиците и сл. Сево ова доведува до создавање на чувство на одбивност на домашното население кон бегалците. Да не заборавиме дека и според Конвенцијата за баегалците од 1951 година, во момент кога ќе се создадат тензиии пожелно е да се преземаат акции за преселување на бегалците, но Турција е спречена да го стори ова. Нејзиниот договор за визна либерализација е истечен, па така Сиријците може да живеаат, но не и да ја напуштат Турција. Од тука следува наредниот проблем, а тоа е посегнувањето на бегалците кон небезбеден транспорт и користење на каналите на шверцерите. Ова предизвикува поголем ангажман на Турската војска и полицијата за да ја контролираат границата кон Грција и да го спречат излевањето на бегалците по нелегален и небезбеден пат да стигнат до Грција, односно до ЕУ.

Финансиските средства потребни како одговор на приливот на бегалци достигнаа околу 35 проценти во буџетот на Јордан за 2015 година.5 Ваквите брзи буџетски шокови ја нагласуваат потребата за меѓународна солидарност за да се исполнат барањата за делумното финансирање на ранливите земји, домаќини на голем број бегалци, а кои се земји со низок капацитет. Некои земји тврдат дека бегалците обично ги користат предностите на јавните услуги пред да придонесуваат за економијата. Во просек6, една земја мора да потроши околу$119.000 на барател на азил секоја година, и тоа

обично трае со години додека да се насели еден бегалец.7 Ова значи дека даночните обврзници на земјите-домаќини се оставени да платат поголеми давачки. Покрај тоа, земјите се плашат дека бегалците би можеле да им ги преземат работните места на локалното население и да се подигне стапката на невработеност. Бегалците обично почнуваат со нискоквалификувани работни места во земјата-домаќин, поради јазичните бариери, а потоа се префрлаат на повеќе напредни позиции како што се прилагодуваат на културата и стандардите на новата држава. Со оглед на трошоците и ефикасноста, компаниите сè повеќе сакаат да вработат бегалци, а со тоа локалното население губи во пазарот на труд. Германските индустријалци, на пример, ги поддржуваа владините мерки за да биде домаќин на голем број на сириски баратели на азил, иако германската популација се плашела.8

EУ има свој систем на вредности кој мора да биде почитуван од страна на сите вклучувајќи ги и бегалците, така социјалните вредности мора да ги прифатат и да се прилагодат кон нив како дел од интеграцијата.

Конечно, инвестициите во социјалната инфраструктура за да се задоволат итни хуманитарни потреби на бегалците резултира со итно зголемување на трошоци и приходи, каде што нето придобивките на краток рок често се негативни, се создава одреден степен на незадоволство кај домицилното население. Меѓутоа, инвестициите во физичката инфраструктура, резултира со долгорочни бенефиции со што обично се надминуваат нивните трошоци. Овие јавни инвестиции, во комбинација со „паметни“ политики кои се насочени кон интеграција на пазарот на трудот, може да се подобрат долгорочните изгледи за развој на земјите-домаќини, со претворање на кризата во можност за развој.

Сепак, интеграцијата покрај финансиските жртви на земјите-домаќини бара и жртви на „open-mind” од страна на бегалците, што неретко оди тешко, и досега станавме сведоци на доста хаотични ситуации, како на пример сторијата на овој човек во Норвешка.9 Имено, господинот е подолго време во Норвешка, но сèуште не може да се навикне на нивната култура, начинот на живот, рамноправноста на жените, слободата. Така, Норвешка формира училиште во кое ги учи на вредностите на нејзиното општество и како да ги третираат жените.

Оттука, јасно се гледа сериозноста на проблемот за интеграција, а и во прашање го става достоинството на домашното население, тие кои како граѓан(к)и на својата земја создавале, се труделе макотрпно целото време, и сега наеднаш „гостите“ кои ги примиле им го увезуваат својот проблем дефиниран како сфаќање за начинот на третман на жената и во еден момент ги ставаат во анксиозност граѓан(к)ите на овие земји да се чуствствуваат слободни на својата територија. Ова ја преставува страната на достоинството на домицилното население на земјите-домаќини.

 

Културен импакт

Повеќе од јасна е културната диференцираност на ЕУ, нно и покрај оваа културна различност која во себе вклучува различни религии, различни навики на живот, различни погледи кон светот, негување на различни јазици и традиции, сепак овој „шок-наплив “на тотално различен културен поглед и начин на живот предизвикува сериозен отпор на прифаќање на различностите. Бегалците се доминантно Муслимани, и тие се длабоко врзани со религијата и нејзиното рестриктивно толкување, а на моменти и користење како средство кое го злоупотребуват, кое го користат да ги остварат своите цели. Нивниот поглед кон светот е доста конзервативен, жената ја ставаат во доста тешка незавидна позиција, од друга страна, пак, таа ја прифаќа својата положба во општеството како „предмет“ кој е под власта на мажите и нејзината улога е да биде мајка и домаќинка. Се разбира дека ова не го налага религијата и ова се тие моменти на злоупотреба на религијата. Како и да е, не е тоа тема на овој труд, важен е конечниот резултат, оној кој го гледаме денес и со кој се соочуваат граѓаните на земјите домаќини. Начинот на разбирање на бракот, исто така создаде лавина од реакции,10дури доведе до тоа законодавецот на Холандија да го смени Законот за брак.11 Населението во ЕУ е со доминантна христијанска вероисповед, има и Атеисти, а не е мал и бројот на Муслимани, но тие не се толку радикални во нивните сфаќања, односно, успеале да се интегрираат. Вие за момент добивате ситуација во која имате потреба и двете страни да ги прилагодите на нивната култура. Но, тој процес оди тешко, особено поради предрасудите на Европејците дека Муслиманите се џихадисти. И тука се создава уште еден раздор внатре во домицилното население кое е поделено, па едните сметаат дека треба да се прифатат бегалците и други кои сметаат дека вратите на нивните земји треба да бидат затворени за бегалците. На пример, во Германија се формира и Алијансата за космополитизам, солидарност, демократија и правна држава - против нетолеранцијата, ксенофобијата и насилството. Кои се залагаат Германијада биде демократска и космополитска нација. Таа е интегрирана во ЕУ- заедница на заемно споделени вредности и заедничка економска политика и е нација која е обврзана на принципите на универзалните човекови права. Луѓе од најразлични култури и верско и етничко потекло коегзистираат во Германија со децении. Заштитата на човековото достоинство, која е втемелена во нашиот Устав, се однесува на сите кои живеат тука - без разлика дали се тука со генерации, или пристигнале како мигранти или бегалци.12

Образовен аспект

Спротивно на перцепцијата на јавноста, бегалците, генерално, не се најсиромашните меѓу сиромашните во нивната земја на потекло и имаат тенденција да имаат повисоки нивоа на вештини, отколку општата популација во земјите на потекло. Меѓу неодамна пристигнатите сириски државјани, учеството на лицата со диплома стекната после средното образование се чини дека е многу повисока. Според шведската статистика, повеќе од 40% од Сиријците во земјата во 2014 година имале најмалку средно образование, во споредба со 20% од оние од Авганистан и 10% за оние кои доаѓаат од Еритреја. Во случајот на Германија, не постои систематско запишување на нивото на образование и квалификации на лицата кои бараат азил, но од нив се бара (на доброволна основа) информација за нивното образование и професионални вештини во текот на процедурата за аплицирање. Во просек за оние кои дојдоа во 2014 година, 15% од лицата кои бараат азил имаа висок степен, 16% имаат завршено средно образование (гимназија), 35% средно образование, 24% посетувале само основно училиште, а 11% не посетувале училиште воопшто. Сириските бегалци, сепак, биле во просек подобро едуцирани: 21% од сириските баратели на азил во Германија помеѓу почетокот на 2013 и септември 2014 година, рекле дека биле на универзитет, 22% имале средно образование, а 47% имале средно или основно образование. Во случајот на Франција, врз основа на податоците од анкетата (ELIPA), во 2010 година, 14% од сите бегалци оствари терцијарно ниво на образование, а 43% најмалку средно образование. Процентот на лица со високо образовани беше малку повисока за оние кои доаѓаат од Европа (20%), а пониски за оние кои потекнуваат од суб-сахарска Африка (10%). Бегалците имаат вештини (многу од нив имаат факултетска диплома), дури и ако тие се помалку високообразовани од општата популација во западните земји и во повеќето случаи, исто така, помалку од работниците мигранти. Овозможувајќи им на бегалците да го научат јазикот, да се добие образовни и професионални квалификации признати и во тие земји и во некои случаи да се надополнуваат нивните вештини со дополнителна обука, ќе биде од суштинско значење за успешна интеграција, како и за позитивен економски развој на овие земји на дестинација.13

Можеме да заклучиме дека бегалската криза, покрај останатите влијанија, има сериозно влијание на социо-економскиот, културниот и образовнииот аспект во државите домаќини. Процесот на прифаќање и интеграција преставува макотрпен процес кој бара сериозна волја и финансиски средства и од државите домаќини, но и од бегалците кои бараат азил во овие држави.

 

1 Doug Saunders,the migrant crisis: Here’s why it’s not what you think.
2 SiobhánMullally, Professor of Law, University College Cork and Vice-President of the Council of Europe Group of Experts on Action Against Trafficking.,http://www.irishtimes.com/opinion/migrant-crisis-it-s-a-question-of-human-rights-not-charity-1.2339237
3 Турција ја има потпишано конвенцијата од 1951 година и нејзиниот протокол од 1967 , но има ставено резерва на географската одредба, така ги прафаќа само бегалците кои потекнуваат единствено од Европа т.е. земјите од Советот на Европа. Оваа географска резерва ја претставува првата бариера за барање азил во оваа држава. Како и да е, Сиријците претставуваат посебен случај. Тие на почеток беа прифатени како„гости“ а потоа беа предмет на режимот на привремена заштита формиран со Регулативата за привремена заштита.
4 Can Mutlu,The Status of Syrian Nationals Residing in Turkey http://thedisorderofthings.com/2015/09/03/the-status-of-syrian-nationals-residing-in-turkey/
5 извор http://journal.georgetown.edu/the-economic-impacts-of-syrian-refugees-challenges-and-opportunities-in-host-countries/
6 За поединечни трошоци во моментов види :http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=211161154178&id=23&prilog=1&setIzdanie=23684
7 Zheng Nie,globalEDGE Blog: The Effects of Refugees on Host Countries,http://globaledge.msu.edu/blog/post/30996/the-effects-of-refugees-on-host-countries ,
8 Аli Fakih and Walid Marrouch, The economic impacts of Syrian refugees: Challenges and opportunities in host countries
9 Целосната сторија погледни ја тука: http://www.nytimes.com/2015/12/20/world/europe/norway-offers-migrants-a-lesson-in-how-to-treat-women.html?smid=fb-nytimes&smtyp=cur&_r=0
10 http://m.mkd.mk/svet/vesti/holangjanite-gnevni-poradi-pristignuvanjeto-na-maloletnite-soprugi-na-siriskite-begalci
11http://www.dutchnews.nl/news/archives/2012/03/ministers_agree_new_rules_to_r/
12 Подетално види :http://www.dw.com/mk/%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE/a-19041822 пристапено на 12.02.16
13 Извор : http://www.oecd.org/migration/Is-this-refugee-crisis-different.pdf