Македонски Shqip English

Џенифер Џеладин

КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВА УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНОТО ПРАВО ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА МАЈЧИН ЈАЗИК

 

Вовед

Уставот на Република Македонија како највисок правен акт и гарант на правото на образование да е достапно секому под еднакви услови. Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик во основно и во средно образование, на начин утврден со закон. Во Законот за унапредување и заштита на правата на заедниците кои се помалку од 20%1 од населението во Република Македонија, јасно стои дека припадниците на заедниците имаат право на образование на својот јазик, во сите степени.

Ромскиот јазик е мајчин јазик на Ромите. Тој е дел од групата на индоариски јазици, поточно се класифицира или во централните индоариски јазици или во северозападните индоариски јазици. Доста често се класифицира и како своја посебна јазична гранка, поради поголемиот број на сродни јазични варијанти.

Во Република Македонија, како и во поголемиот дел на Балканот, доминираат оние кои говорат севернобалкански, јужнобалкански и јужновлашки дијалект. Главниот јужнобалкански дијалект во земјата е Арлии, кој има своја сопствена подгрупа чие значење е повеќе етнографско, отколку практично. Неколку од имињата по кои се нарекува главниот севернобалкански дијалект се Ковачи, Бугурџи и Калајџи. Во Република Македонија, јужновлашкиот дијалект се нарекува Џамбаски, а во соседно Косово се нарекува Гурбетски. Истражувањата за јазикот укажуваат дека оние кои говорат на балканските ромски дијалекти имаат релативно долга традиција на седентаризам.2

 

Состојбата во Р. Македонија за изучувањето на Ромскиот јазик и култура

Македонци

1.297.981

Албанци

509.083

Турци

77.959

Роми

53.879

Власи

9.695

Срби

35.939

Бошњаци

17.018

Останати3

20.993

Податоците од пописот од 2002 година покажуваат дека околу 80% од македонските Роми го говорат ромскиот јазик како нивен мајчин јазик. Во источниот дел од земјата, Ромите најчесто говорат на турски јазик, а во западниот дел албански и/или турски јазик, но не ромски, особено помладата генерација. Посебно во западниот дел од земјата, многу Роми го говорат македонскиот јазик како нивен мајчин јазик.

Во Република Македонија, според последниот попис во 2002 година, вкупниот број на населението е 2.022.547 жители.

Во однос на Ромите, од неофицијалните проценки на локалните ромски невладини организации застапеноста на Ромите е многу поголема и изнесува дури и до 6% од вкупното население.

Застапеноста на Ромите по градови и општини во Република Македонија е прикажано во следнава табела:

Шуто Оризари - Скопје

13.342

Прилеп

4.433

Куманово

4.256

Чаир- Скопје

3.083

Битола

2.613

Тетово

2.357

Гостивар

2.237

Штип

2.195

Гази Баба- Скопје

2.082

Кочани

1.951

Кичево

1.630

Ѓорче Петров-Скопје

1.249

Виница

1.230

Дебар

1.080

 

Иако во овие градови и општини ромско население е застапено во значителен број, немаат можност сите ученици Роми да го изберат и изучуваат изборниот предмет Ромски јазик и култура во основното и средното образование. Изборниот предмет Ромски јазик и култура се изучува во Скопје, во општините Шуто Оризари и Чаир, Куманово и Штип. Единствено во овие општини, учениците Роми во основните училишта имаат можност да го изучуваат мајчиниот јазик и култура.

Додека во останатите општини: Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кочани, Кичево, Виница и Дебар, иако има значителна популација на ромско население, не се изучува изборниот предмет Ромски јазик и култура, односно воопшто не им се нуди на родителите да изберат Ромски јазик и култура и нивните деца да учат од трето до деветто одделение. Најчесто им се нудат други предмети како изборни, и тоа: веронаука, танц и ора, влашки јазик и други. Иако тоа право е загарантирано со Уставот и со законите, за жал сите учениците Роми ја имаат можноста да го изучуваат својот мајчин јазик во основното образование.

Самите служби во училиштата не им ја презентираат програмата за изборни предмети на родителите, за да би знаеле кој изборен предмет да изберат да го изучуваат нивните деца, а голем дел од нив и не знаат како да им го презентираат изборниот предмет Ромски јазик и култура и неговата наставна програма и да им објаснат на родителите кои се позитивните страни доколку нивното дете го учи мајчиниот јазик и кои се придобивките од тоа.

Од објавената наставна програма за изборен предмет од Бирото за развој на образованието може да се види дека доколку учениците го изберат предеметот Ромски јазик и култура ќе го изучуваат континуирано по два часа неделно. Наставната програма за Ромски јазик и култура ја носи Бирото за развој на образованието.4

 

Наставен кадар по Ромски јазик и култура

Според Бирото за развој на образованието, воспитно-образовната програма по предметот Ромски јазик и култура во шесто одделение може да ја изведува лице кое добро го говори ромскиот јазик и кое завршило: Филолошки факултет – наставна насока; Педагошки факултет или Филозофски факултет – Институт за педагогија, дипломиран педагог.

Исто така, училиштето треба да обезбеди просторија за да се одржи час по изборниот предмет Ромски јазик и култура.

Во општините со најголем процент на ромско население, од 14 општини, само во 4 се изучува изборниот предмет Ромски јазик и култура. Причината за тоа треба да се бара во Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија од 2008 година. Добро е да се забележи дека има училишта во кои самоиницијативно директорите го воведоа изборниот предмет Ромски јазик и култура, а постојат и такви кои во III одделение не им даваат можност на родителите да изберат кои предмети ќе ги изучуваат нивните деца. Како изговор за невоведување на изборниот предмет го истакнуваат немањето на наставен кадар.

Наставниците по Ромски јазик и култура се соочуваат со големи тешкотии. Имено, имаат програма од III до VI одделние, а постојат учебници само до V одделение.

Учениците Роми кои го изучуваат предметот Ромски јазик и култура се поактивни и полесно го разбираат материјалот и бараат воведување на повеќе од два часа неделно, додека учениците од повисоките одделенија бараат да учат по сите предмети на ромски јазик од причина што тие полесно го разбираат материјалот, односот наставник - ученик е поблизок и имаат подобар успех кога го слушаат материјалот на својот мајчин јазик.

 

Заклучок

Неинформираноста на родителите за можностите и начините да го изберат изборниот предмет Ромски јазик и култура и недоволно почитување на својот јазик.

Институците не им ја даваат можноста која со Уставот им е загарантирана да учат на својот мајчин јазик.

Државата не издава учебници на Ромски јазик и нема наставна програмата од шесто до деветто одделение.

 

Препораки

Поголема афирмација на изборниот предмет Ромски јазик и култура од страна на Управата за унапредување на јазиците на заедниците.

Задолжително изучување на Ромски јазик и култура за сите ученици Роми во основно образование со цел да има поголем напредок во образованието на ромската заедница.

Да се издадат учебници по Ромски јазик и култура од шесто до деветто одделение.

Да се мотивираат ромските студенти при упис на педагошките факултети, за да има поголем број на дипломирани со цел учениците Роми во основно да имаат позитивни примери од дипломирани Роми.

Со изучувањето на мајчиниот јазик ќе има поголема леснотија во делот на разбирање на материјалот и ќе има поголем успех и напредок на ромската заедница.

 

1 Службен весник на Р.Македонија бр. 92,http://www.slvesnik.com.mk/Issues/ED8DC7AF8F917D4B9704F49E8EFCD0DB.pdf., бр. 07-2939/1 од 17 јули 2008 година(пристапено март 2017)

2Инклузија на Ромите во раното детство - Македонски извештај https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/RECI-Macedonian-final-WEB.pdf

(пристапено во март 2017)

3 Државен завод за статистика, Попис 2002 г. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaXIII.pdf (пристапено март 2017)

4 Биро за развој на образованието, февруари 2007г. http://www.bro.gov.mk/docs/Koncepcija_po_javna_rasprava_so_izmeni_i_doplnuvanja.pdf (пристапено март 2017)