Македонски Shqip English

ПОРАКА НА ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА 2015

 На Денот на човековите права оваа година, ние сакаме светот да размисли за значењето на слободата.

Слободата е идеал што го пронижува она што денес го препознаваме како меѓународно право за човекови права, нормите и прописите кои ги штитат и гарантираат нашите права.

Денот на човековите права за 2015 година го одбележува почетокот на едно-годишна кампања за одбележување на 50-годишнината на два од најстарите меѓународни договори за човекови права - Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права.

Овие два документи и Универзалната декларација за човекови права ја сочинуваат Меѓународната повелба за човекови права и заедно ги утврдуваат граѓанските, културни, економски, политички и социјални права кои се право по раѓање на сите човечки суштества.

Слободите утврдени во овие документи се универзални. Тие се однесуваат на сите, насекаде. Традиционалните практики, културни норми, не можат да го оправдаат нивното одземање.

Овие слободи го содржат темелното - слобода од страв, слобода од немаштија, слободата на говорот и слободата на мислата, совеста и веросиповеста.

Светот е сменет откога Генералното собрание на ОН ги усвои двата пакта во 1966 година. Пактовите, заедно со другите договори за човекови права, играат важна улога во обезбедувањето на подбро почитување и признание во текот на изминатите пет, понекогаш турбулентни, децении.

Се разбира, остануваат уште многу предизвици. Изготвувачите на пактовите можеле тешко да замислат прашања како што се дигиталната приватност, мерките за борба против тероризмот и климатските промени, но, почитувањето на слободата продолжува да биде основа за мир, безбедност и развој за сите.

Придружете ни во славењето на слободата - и помогнете да се прошири пораката низ целиот свет дека нашите права, нашите слободи се неотуѓиви и вродени - сега, и секогаш.

Неофицијален превод на македонски јазик на пораката може да се превземе на следниов линк.

Видео од пораката достапно на следниот линк.

Транскрипт на видеото може да се превземе тука.