Македонски Shqip English

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Со жалење Ве известуваме дека ненадејно почина нашиот истакнат член на Советодавниот Одбор на ИЧП – Махмут Јусуфи, кој што е поранешен Претседател на Уставниот суд на Република Македонија. Тој помеѓу членовите на ИЧП беше познат како голем стручњак, наш прекрасен колега и воедно добар пријател кој што несебично ја даваше својата експертиза за успешно спроведување на активностите на ИЧП.

Изразуваме длабоко сочувство на потесното и пошироко семејство поради неговата ненадејната смрт и искрено ја нудиме нашата поддршка за ублажување на тагата.

Подолу можете да ја погледнете неговата кратка биографија:

МАХМУТ ЈУСУФИ
IN MEMORIAM
(1948-2016)

mahmut-jusufi

 

Во 1973 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина, додека правосуден испит положил во 1976 година.
Во 1979 година е назначен за секретар на Редакцијата на дневниот весник на албански јазик „Фљака", во НИП „Нова Македонија", а потоа е именуван за директор на информативен центар. Од 1982 адвокат и отвора самостојна адвокатска канцеларија во Тетово.
Во 2000 година е избран за член на Републичкиот судски совет, каде што останува сe до 2003 година.
За судија на Уставниот суд е избран во јануари 2004 година. Тој бил и член на Претседателството на Адвокатската комора на Македонија, член на Одборот на Хелсиншкиот комитет на Македонија и како соработник на Амнести интернешенел. Член на Правниот совет на Владата. Како член на Одборот за континуирана едукација при Здружението на судиите на Македонија учествувал во организирање семинари за афирмација на судството.
Има објавено повеќе стручни трудови од областа на судството.