Македонски Shqip English

Зголемен јавен надзор над работењето на Судскиот совет на Република Македонија

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ

 

Институтот за човекови права објавува оглас за изработка на видео материјал за работата на Судскиот совет на РМ.

Видеото има за цел да ги запознае граѓаните со улогата и надлежностите на Судскиот совет на  РМ.

Видеото е дел од проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ поддржан од Британска амбасада Скопје и имплементиран од страна на Институот за човекови права.

– Должината на видеото треба да биде најмногу 5 минути;
– Потребен е титлуван превод на албански јазик;
– Видео материјалот треба да содржи анимација за полесно разбирање на тематиката.

Заинтересираните физички и правни лица потребно е да имаат искуство во изведба на слични видео материјали. Рокот за достава на понуда е 28.02.2017 година до 16.00 часот а видео материјалот потребно е да биде изработен најдоцна до 15.03.2017 година.