Македонски Shqip English

Повик за објавување на статии во стручно списание Правен дијалог

Институтот за човекови права (ИЧП) објавува трет Повик за објавување на статии во стручното списание Правен дијалог во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.

Воедно Ве потсетуваме дека Стручното списание „Правен дијалог“ ќе се издава квартално, во електронски облик на веб страната на ИЧП и во истиот ќе се објавуваат стручни статии на актуелни теми од областа на човековите права и владеење на правото.

Овој број на Правниот дијалог (број 12) одлучивме да биде тематски така што ќе биде посветен на промоција, унапредување и заштита на човековите права, а по повод Меѓународниот ден на човековите права - 10ти декември.

Доколку сте заинтересирани за пишување, Ве молиме да не исконтактирате што поскоро на емаил: ihr@ihr.org.mk заради понатамошни технички упатства.

Крајниот рок за доставување на статиите е 13 декември 2016 година (вторник).