Македонски Shqip English

Форум за човекови права

По повод Меѓународниот ден на човековите права, вчера во Јавна Соба, Институтот за човекови права организираше Форум на тема „Состојбата во Република Македонија vis a vis човековите права и слободи “. На форумот панелисти беа: Претседателката на ИЧП Маргарита Цаца Николоска, поранешна судијка на ЕСЧП и потпретседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, поранешниот претседател на Уставниот суд на РМ Трендафил Ивановски, Народниот правобранител Иџет Мемети, Даница Ѓонова, раководител на одделение за застапување на предмети против РМ пред ЕСЧП, Гордана Дувњак, новинарка во Утрински весник, Филип Медарски, адвокат и Воислав Стојановски, правен советник во Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ. На крајот на форумот, присутните со тајно гласање ги избраа трите најдобри фотографии, простигнати на конкурсот за најдобра фотографија од областа на човековите права. Првата награда ја понесоа Дијана Петкоска и Марија Бакарџиева, втората Вера Јошеска, а третата Татјана Петкова. Им честитаме за наградите , борбата за човековите права е на секое поле.
Chat Conversation End
 

 (Галерија)