Македонски Shqip English

ПОВИК ЗА ОБЈАВА НА СТАТИЈА ВО ПРАВЕН ДИЈАЛОГ

Почитувани,
Институтот за човекови права (ИЧП) објавува втор Повик за објавување на статии во
стручното списание Правен дијалог во рамките на Институционалниот грант поддржан од
програмата на Цивика Мобилитас.
Воедно Ве потсетуваме дека Стручното списание „Правен дијалог“ ќе се издава
квартално, во електронски облик на веб страната на ИЧП и во истиот ќе се објавуваат
стручни статии на актуелни теми од областа на човековите права и владеење на правото.
Доколку сте заинтересирани за пишување, Ве молиме да не исконтактирате што поскоро
на емаил: ihr@ihr.org.mk заради понатамошни технички упатства.
Крајниот рок за доставување на статиите е 15 септември 2016 година.