Македонски Shqip English

Махмут Јусуфи

Поделбата на власта - независното судство во функција на заштитата на човековите права - состојби во Уставот на Република Македонија - постапки и дилеми околу нив

Вовед

За човековите права и слободи толку многу e дискутирано, пишувано, коментирано што сигурно јас не би можел да додадам ништо ново но сепак мислам дека секој труд во правец на авансирање на човековите права и слободи е од значење уште повеќе кога таквите права се доведуваат во прашање од мнугуте сегменти на државната власт генерално, а и во Република Македонија.

Кога се зборува за човековите права секогаш се мисли на една организирана заедница во која преку регулативи и кодифицирани законски прописи го организира општествениот живот без разлика на модалитетите на уредувањето.

Секогаш власта како носител на моќта настојува да ја зацврсти својата позиција и при тоа ги употребува како позиција сите варијанти за да остане на власт што подолго, а при тоа секогаш си прави чекори кои не се во согласност со законите под кои владее.

Историскиот развој на општествените состојби довеле до поделба на властa како единствена можност за елиминирање на капацитетот на имателот на моќта да биде под контрола а тоа е кодифицирано како поделба на власта преку законодавна и извршна кои неретко можат да бидат од иста провиниенција така да третата власт како посебна сосема независна – судот како професионален и посебен сегмент на контролата на моќта на двете други власти е присутна во практицирање на владеењето не како власт туку како независен од другите самостојно во духот на позитивната регултива делува во правец на законистоста (се разбира во реалните демократски општествени уредувања).

Само на еден ваков начин има претпоставки за функционирање на правна држава во добробит на човекот како поединец и на организираното граѓанско општество како конгломерат на полоитички, економски, културни и други општи вредности.

Како што се гледа и од самиот наслов на вој материјал, јасно е дека истиот се протега во неколку димензии од правната теорија во контекст на владеење на правото, посебно апострофирајќи поделената власт кои како компексни вредности се во симбиоза и ја преставуваат државата и воедно во таа релација развивање на човековите права и слободи.

Взаемната рамнотежа на дејтвување на власта е во функција на развивање на владеење на правото а со тоа и функционирање на правната држава.
Вашето внимание би го насочил најпрвин кон поделбата на власта при што најголема улога би требало да ја одигра делувањето на правната држава која политичка аксиома е најтешката дисциплина за реалната демократија.


Што повеќе функционирање на правната држава толку повеќе демократија во смисол на функционирање на системските вредности (што во секој случај преставува идеал) и спротивно колку на оваа позиција; колку повеќе демагогија толку помалку демократија.


Еден филозоф на правото, истакнатиот политолог М.Оакесхот, во неговата книга Владеењето на правото (1983) во однос на таа синтагма рекол „Владеењето на правото не прави леб и не може на гладните да им додели векна и риба бидејќи ги нема, воедно таа не може да си се заштити сама себеси од надвор, но владеењето на правото сепак останува единствена концепција на држава која како таква треба да се направи.

Лично мислам дека ваквиот опис е реален сликовит приказ на состојбите околу значењето на поимот „владеење на правото„. Многу е тешко да се дојде до состојби да владее правото, макотрпни се патиштата во практицирање на државното уредување да владее правото со вредности кои во себе содржат елементи на ограничувања и контролирање на власта.

Не е лесно да се дојде до реална демократија каде владеењето на правото е активна компонента при практицирање на власта .

Теоретичарите на правото посебно се ориентирани да ги објаснат феномените на разбирањето на идејата на владеењето на правото од Монтескије па и ден денес и сеуште нема посебна формула на можната апликација како општ модел. Не е иста апликацијата во развиените - земјите со демократски традиции и во земјите каде што тие традиции воопшто не биле познати. Компонентите како географски подрачја, културни, социо етнички и други се истотака важни сегменти за разбирањето на поимот владеење на правото.

Оваа материја фактички тече и се развива.

Јас нема да се задржам во однос на владеењето на правото во делот на законодавната власт , односно да ја елаборирам таа поделба во функција на независноста на таквата власт во однос на практицирање на поделбата на власта на класичната шема, законодавна, извршна и судска, туку ќе се осврнам на некои моменти кои јас ги перцептирам како многу суптилни за разбирањето на владеењето на правото – и тоа преку човековите права и слободи гарантирани институционално од страна на самата држава и судството како активен елемент на владеењето во функција на заштита на Уставно гарантираните човекови и граѓански права.

Владеењето на правото како проекција за заштита на најширокиот корпус на човековите права и слободи може да е идеална во Уставот но ако нема апликација во секојдневието и ако дадените гаранции од страна на државата нема да го осети граѓанинот и слободно не ќе може да се повикува на практична заштита на тие права и реално да ја добие таквата заштита, се останува идеал или фикција.

Јас во мојот живот осетив две различити системи на општествени вредности, најпрвин се едуцирав во духот на колективните права поставени во комунистичката идеологија каде поединецот воопшто не беше важен туку беа важни колективните права, правата на работниот народ како општа демагогија за прикривање на диктатурата на еднопартискиот систем.

Интересантно е да се истакне дека во однос на човековите права и во комунистичкиот систем како такви беа гарантирани со Уставите со една голема разлика од тие исти права изразени во реалните демократски држави каде правата на човекот преставуваа категории кои доаѓаа до израз како преку посебно утврдените структури од самата држава (омбудсман) така и од невладините организации.

Впрочем има илјадници примери кога невладините организации си допринеле да дотичната држава си ги корегира своите постапки при практицирање на власта.

Голема разлика постоеше во последните 9 децении во државите со различити општествени уредувања.

Во практиката на комунистичките режими воопшто не доаѓаа до израз основните човекови права и слободи туку напротив во однос на нив имаше демагошки пристап, една состојба за надворешна употреба дека и социјализмот ги афирмира правата на поединецот додека во внатрешниот поредок тотално да ги игнорира.

Доколку некој граѓанин кога и формално се повикуваше на заштита на човековите права, на еден многу перфиден начин ќе се прогласуваше за дисидент и како таков секогаш прогонуван како антидржавен елемент.

За лоша илустрација ќе наведам дека во време на владеењето на Сталин во СССР правата на човекот биле идеално апострофирани во Уставот на СССР но реално во време на важењето на еден таков Устав милиони невини луѓе биле убиени и тоа без судска постапка и тоа при постоење на суд.

И самата помисла на еден ваков морбиден режим е језив. Замислете да сте еден од тие што го доживувале таквите нешта.

Декларативната природа на гарантирани права дали е доволна за реално чуствување на тие права во реалниот живот на поединецот !?

Мојот одговор за тоа е дека во тоталитарните системи во кои основна карактеристика се колективните права претворени во корпус на /анти/ вредности кои се однесуваат само за идеолошките потреби НИКОГАШ не е можно да дојдат до израз основните човекови права и слободи поради самиот факт дека НЕМА ПОДЕЛБА НА ВЛАСТА. Во тие системи (комунизам и фашизам како типични веќе доживеани) се развиени теоретските постулати на поделбата на властите но во суштина сите тие власти (законодавната, извршната и судската) како заеднички именител ја имаат диктатурата изразена преку еднопартиското делување на власта и државата. Ваквата состојба на државното уредување правно читано е највисока форма на држава диктатура – антипод на владеењето на правото што едноставно може да се чита и како владеење на личноста.

КОИ СЕ ГАРАНЦИИТЕ НА ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО.

Во оквир на оваа теза, за реализација на институционалните и процесните гаранции   потребно е да дојде до израз неазивосноста на судството во однос на другите власти преку независна законита правна и извршна постапка бидејќи само така може да се ограничи државната власт со институционални елементи.

Воопшто не е проблем кога пред судот се појавуваат два субјекти како правни лица или граѓански лица кои имаат интер партес правно административни или други проблеми, најголем проблем е кога пред судот се наоѓа во својство на тужена странка самата држава и тоа не само во граѓански или админитративен спор туку во постапка кога од судот се бара заштита на загарантираните уставни човекови права и слободи кога тие се кршени од самата држава.

Улогата на судијата во заштита на човековите права (го употребив намерно именката судија а не судство затоа што судството е апстрактен поим генерализиран за третирање на власта во демократски системи а фактички поединецот како судија е тој кој развива примена на право преку една законита постапка која ја утврдува законодавната власт) е од суштествено значење за ефикасно ограничување на моќта на државните институции кои ги аплицираат позитивните законски прописи при практицирање на власта.

За разлика од другите професии само личноста на судијата, освен професионалноста (која подразбира многу добро познавање на домашното и меѓународното право) треба да има и други лични атрибути како посебни квалитети за да може да се соочи со сите предизвици кои во себе ги содржи судијата:

Како први атрибути на личноста која ја прифаќа да биде кандидат за судија тој во секој случај треба да е:

аполитичан (да не потпаѓа под влијание на политичките притисоци)

храбар, (да се соочи со сите можни варијанти на влијание и притисок)

морален, (граѓаните во средината каде делува да имаат доверба во неговите квалитети како човек од авторитет)

Зошто еден судија мора да ги има овиe вредности. Одговорот е дека тој одлучува помеѓу слободата и неслободата, помеѓу имањето и немањето на имот, за статусни прашања, и ред други ситуации, а како посебна категорија за кршењето на загарантираните со Устав и меѓународни документи човекови права и слободи.

Еден судија кој ги има овие атрибути секогаш ќе биде во состојба да одлучува без било каков да е притисок од било кого вклучувајќи ја и самата држава која би можела да има влијание на многу начини кај судијата.

Одлуката на еден чесен судија преставува огледало на таа држава. Колку повеќе се почитува судиската функција толку повеќе во таа средина постои демократија. Пренесено на обичен јазик поделбата на власта и владеењето на правото се единствени можности за да се развива независноста на судството а преку тоа и реално очекување за пружање на заштита на човекот и граѓанинот за заштита на неговите права утврдени со Уставот..

На мислењее сум дека досегашната пракса во судството во Република Македонија не е во насока за да се обезбедат структурални субјективни вредности кои би биле во функција на делење на правото според прикажаната и посаканата номенклатура.

Впрочем и ЕУ во своите извештаи за состојбите во Република Македонија конкретно на многу јасен начин потенцира дека состојбите во судството не се во релации кои би ги афирмирале поставените реформи за дејствување на судот во демократски околности.

Во овој контекст сакам да укажам и на една друга многу важна ситуација.

Сметано од осамстојувањето на РМ, само првиот состав на Републичкиот судски совет го заврши својот мандат предвиден со Уставот за да понатамошните состави бидат разрешени поради законски и уставни промени кое нешто имплицитно укажува дека политичката номенклатура има резерви за состојбите (во негативен контекст) и дека бара начини за да кохабитира со судството во функција на давање на премолчни налози за функционирање на судството.

Замислете колку извршната власт е заинтересирана да биде во судството активнна компонента и тоа преку законита позиција.

Во сегашниот судски Совет Министерот за правда е член по функција во еден орган кој е судски и произлегува од Уставот со надлежности ислучителни за организирање на судството (кое нешто според мене е спротивно на Уставот на РМ .

Значи ли тоа дека извршната и законодавната власт сакаат судството да си го имаат под релативна контрола. Јас најобјективно ќе ви го кажам моето лично мислење дека мојот одговор на едно вакво прашање едно големо „ДА„ , навистина политичкиот дел од власта сака да нема независно судство односно судството секогаш да биде релативно контролирана од нивна страна за да во нивното владеење нема посебен страв од судот при практицирање на власта, преку именување на судии кои индиректно ги заштитува преку разни начини и посебно дека доколку некој судија не е „послушен„ да биде разрешен.

Латентниот страв од страна на судијата е реално а тоа преставува најголема пречка за независноста на судијата.

Во РМ во сферата на човековите права и слободи не е само улогата на судот примарна категорија за нивна заштита.

Судот е пасивен во однос на човековите права.

Судот нема овластување по службена должност да иницира и води било каква да е постапка доколку нема активно легитимирана странка.

За да постои судска заштита потребно е да има барање до судот од страна на човек или граѓанин за да судот си постапи по него.

Значи не е само улогата на судот примарна категорија за афирмација на заштитата на човековите права во демократските општества, тука треба да се истакне и еден друг момент кој исто така е многу важен а тоа е општата едукација на граѓаните на едно општество во функција на афирмација на заштитата на тие права, преку апликации до надлежниот суд.

Доколку во едно општество не постои една таква култура бројот на случаевите сигурно ќе е многу мал во однос на реалната состојба (како што е случај во Р.М.).

Уставот на РМ, посебно внимание му дава на барањата за заштиата на човековите права и слободи преку овозможување на директно обраќање до судот (како во редовниот така и пред Уставниот суд) кои постапки според Уставот се приоритетни и итни. За жал досега во 20 години на владеењето на овие демократски вредности ниту редовниот суд ниту пак Уставниот суд на република Македонија немаа можности да утврдат дека загарантираните права на човекот и граѓанинот се повредени од страна на државата затоа што многу е мал бројот на апликантите – барателите.

Во редовното судство, по моите сознанија (нема званични податоци) многу е мал бројот на предметите кои се однесуваат за за заштита на гарантираните со Устав човекови права односно дека од страна на граѓаните, слободно може да се рече дека нема такви барања, односно ако ги има тие по бројки се скромни - симболични.

Сето тоа укажува дека културата на можностите за да се бараат тие права се во многу ниско ниво, а според мое мислење, тоа е одраз на претходниот тоталитарен систем кој за секого кој ќе се трудеше да ги побара своите индивидуални права беше сметан за човек кој е опасен за државата кое се должи на една психолошка околност наследена од страна на комунистичкиот систем кој како менталитет кај обичниот граѓанин сеуште има важност.

Мислам дека треба да се направат максимални напори ( не само во РМ туку во сите пост комунистички земји и земји со нови и млади демократски власти) да се пропагира можноста за да се бара судска заштита за загарантираните човекови права и слободи и воедно граѓанинот да се едуцира во правец дека загарантираните човекови права и слободи се реални и дека тие треба да се бараат преку апликации до судот (редовниот и Уставниот суд).

Што впрочем сакам да објаснам со оваа сентенца.

Законодавната власт треба да најде модалитети за да унифицира постапка за заштита на човековите права (според аналогија во земјите на ЕУ).

Самите судии преку нивното здружение како и Министерството за правда (како извршна власт) преку организирање на семинари и други методологии да ги едуцираат судиите во правец да тие бидат во функција на поставените задачи укажувајќи им при тоа квалитативните промени во дејствувањето на судството во правец на развивање и унапредување на улогата на судтвото во државата Република Македонија сето тоа како поттик за минимизирање на укажаните пропусти за кои Европската Унија во своите извештаи има сериозни забелешки за состојбите во судството.

Проблемот е како да се едуцираат граѓаните .

Во овој правец треба да се вклучат сите општествени структури а посебно Народниот правобранител преку афирмирање на можностите да граѓаните бидат запознати со нивните права да можат да аплцираат и пред судовите заради заштита на нивните права (до сега во претежен тел гражаните му се обраќаат само на Народниот правобранител).

Јас лично мислам дека преку масовните медиуми најлесно би можело да се оствари програмата за масовна едукација на граѓаните за нивните права.

ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ДИЛЕМИТЕ ОКОЛУ НИВ.

Состојби во Уставот.

Уставотворецот во самата проекција има конципирано реални претпоставки за човековите права и слободи така да овој демократски институт е повеќедимензионално е инкорпориран во Уставот на Р. Македонија.

Уште во самиот дух на Уставот, односно во преамбулата како појдовна свечена основа при конституирањето на РМ го има потенцирано (поред другите историски и други појдовни вредности) дека појдовна основа се и човековите права и граѓанските слободи .

Актуелниот Устав на РМ во неговиот нормативен дел (чл.8) во делот за основните одредби, како темелните вредности на Уставот, во прв ред го има апострофирано дека основните права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот преставуваат темелна вредност а потоа владеењето на правото како посебна вредност.

Во делот на уставот, во однос на слободите и правата на човекот и граѓанинот, проектирани како уставни гаранции на основните слободи и права, на многу експицитен начин е проектирано една општа заштита така да Уставот во чл.50 во алинеја прва во однос на граѓанинот ја предвидува можноста да се повика на заштита на слободите и правата утврдени во Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.

Во однос на оваа алинеа би сакал да го искажам моето мислење коментирајќи ги уставните дадени гаранции.

Имено Уставот на секој граѓанин му ја гарантира можноста на судска заштита на загарантираните уставни права меѓутоа тука има направено една дистинкција преку поделбата на таквата заштита директно (пред суд) и индиректно (преку народниот правобранител) .

Општата гарантирана можност за апликација на заштита на основните човекови права е редовниот суд додека посебната заштита е Уставниот суд (општата заштита подразира се друго кое не е во надлежност на Уставниот суд).

Значи дека Уставниот суд според Уставот е надлежен само за дел од слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени во чл.110 и тоа дека е надлежен да - ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, вера, национална, социјална и политичка припадност.

Ако во чл.50 таквата гаранција се однесува само за граѓанинот кој е едиствен носител на суверенитетот на република македонија (чл.2 ал1) Уставниот суд својата заштита ја проширува во две димензии така да поред граѓанинот како државјанин на РМ како суд ги штити и правата на човекот (без разлика да ли е он државјанин на РМ или е странец, бегалец азилант или по било кој друг да е основ апликант за заштита на неговите загарантирани уставни права во територија на Република Македонија).

Зошто Уставот прави една таква поделба ? Дали таа е на штета на човекот или пак негова привилегија.

Ако за општите права и слободи е надлежен редовниот суд како апликант за заштита на една од тие гарантирани права не може да се појавува човек кој не државјанин на РМ бидејќи по аналогија на употребените уставни изрази таквата можност е дадена само на Уставниот суд кој има строго утврдени надлежности во овој смер.

Внимателниот аналитичар ќе воочи една дискрепанца помеѓу самиот Устав во однос на надлежностите на Уставниот суд за пружање на заштита на уставните слободи и права кои спаѓаат во надлежност на судот во визави со Деловникот за работата на Уставниот суд како внатрешно организирање на работата на судот која ситуација е предвидена во самиот Устав.

Имено, како што е погоре наведено Уставниот суд ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот Деловникот на Уставниот суд наведува дека во таа постапка се штитат само граѓаните.

Категоријата „човекот„ кој е потенциоран во самиот Устав како уживател на универзалните признати права на човекот во Деловникот на Уставниот суд е изоставен (види Деловник на Уставниот суд). Во него е апострофиран само граѓанинот како потенцијален носител на правото за апликацција пред судот.

При евентуална поставено барање од страна на личност (странец или со било кој друг статус) кој не е граѓанин на Република Македонија, за заштитата на неговите човекови права во територија на Р.М., Уставниот суд слободно може да го отфрли таквото барање ако постапува по сопствениот деловник иако Уставот тоа право го дозволува.

Фактички оваа пристрсна небулозна позиција преставува уште една дилема која во нашата позитивна уставна проекција околу заштита на човековите права треба да се уредува од страна на самиот Уставен суд преку интервенција во Деловникот.

Втора една состојба која треба да се анализира во правец на квалитетот на заштитата на гарантираните човекови права во самите предвидени со закон постапки за реализација на тие права.

Во управниот суд апликантот пристапува преку институтот „БАРАЊЕ„ и процесот на постапката е надвор од самиот барател , односно барателот само доставува барање а после тоа се е во надлежност и постапка на самиот Управен суд и тој нема статус на странка (во судска смисла) туку само како апликант.

Законот за управни спорови во функција на заштита на човековите права го има определено Управниот суд како специјализиран суд кој треба да одлучува за барања за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот, ако таква слобода и право е повредено со конечен поединечен акт, и дејствије како и ако тие права се повредени со дејствие на службено лице во орган на државната управа, односно на одговорно лице во претпријатие, установа или во друга организација или заедница, со кое спротивно на закон непосредно му се спречува или ограничува на поединец, организација или заедница, остварување на слобода или право.

Лепезата надлежности предвидени во Законот за управните спорови (подвлечените позиции од претходниот пасус) заштитата се обезбедува во постапката утврдена во членовите на самиот закон.

Афирмативен однос во однос на надлежноста на Управниот суд има и во една друга законска формулација изразена преку генералната одредба која утврдува надлеженост за сите слободи и права загарантирани со Уставот (а не и за тие кои се предвидени со меѓународни договори) за кои не е обезбедена друга судска заштита се во надлежност на Управниот суд.

Толкувајќи ја севкупната правна регулатива во територија на Р. Македонија во однос на заштитата на основните права и слободи утврдени во Уставот и меѓународните договори (чл.50 и чл. 110) истите се судски заштитени преку редовниот суд – Управниот суд за сите други права и слободи освен оние кои му се дадени во надлежност на Уставниот суд.

Уште една нејасна ситуација во однос на ограничување на законодавецот за судската надлежност околу заштита на слободите и правата на граѓанинот во смисол на тоа дека таквата надлежност е дадена преку Законот за управните спорови на на Управниот суд.

Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.(подвлекол М.Ј.)

Значи уставот предвидува да граѓанинот може да се повикува на заштита на слободите и правата пред с у д о в и. Зборот судови е прикажан во множина (додека Уставниот суд е посебно потенциран) под претпоставка дека можно е да со Законот за судовите бидат предвидени посебни трибунали со посебни надлежности како што впрочем е сегашната номенклатура на судовите според Законот за судовите.

Законадавецот преку апострофирање на само Управниот суд како стварно надлежен за заштита на слободите и правата утврдени со Уставот го крши Уставот кој не овозможува да само еден од предвидените судови биде надлежен за овие права туку сите кои се како такви предвидени.

Практичните проблеми околу квалитетот на пружање на заштитата на правата и слободите во овие две судски институции се разликува .

За разлика од барателите за заштита пред редовниот суд (Управен суд), барателите кои би побарале заштита на своите права кои се во надлежност на Уставниот суд се привилегирани.

Имено Уставниот суд одлучува по барањето за заштита на правата на човекот и граѓанинот во постапка предвидена со Деловникот на Уставниот суд во кој е предвидено (чл.55) За заштита на слободите и правата Уставниот суд одлучува, по правило, врз основа на одржана јавна расправа на која се покануваат учесниците во постапката и народниот правобранител, а по потреба можат да се повикаат и други лица, органи или организации додека Управниот суд во една иста позиција одлучува без расправа во совет составен од тројца судии итно и на начин со кој, почитувајќи ги основните начела на постапката (не сите !!!???), обезбедува ефикасна заштита на правата и интересите на граѓаните и организациите, односно на заедниците.

Овој квалитет е од суштествено значение за детекција на позициите за утврдување на една фактичка положба затоа што при примена на нечелата предвидени во Законот за судовите, можно да е да се промени поставената позиија додека во другата постапка судот одлучува по „голото“ барање кое е можно да не биде /не/стручно и /не/квалитативно конципирано и судот да не може да ја утврди повредата иако реално таа постои и да го отфрли истото.

Истотака има и друга квалитативна промена во однос на заштитата на правата и слободите помеѓу двете судски постапки и одлуки на Уставниот и Управниот суд (се разбира утврдителните повреди).

Додека одлуките на Утавниот суд се конечни и извршни, решенијата на Управниот суд подлегнуваат на жалби до Врховниот суд.

Уште еден друг квалитет при овие разлики преставува и околноста дека одлуките на Уставниот суд ги извршува Владата на РМ додека решенијата на Управниот суд во позиции кои самиот закон ги предвидува а кои се бирократски и релативно комплицирани преку повеќе варианти.

Уставот предвидува и една друга институционална заштита на човековите права и слободи преки институтот Народен правобранител (популарно Онбдусман) кој според законот ги штити уставните и законските права на граѓаните и на сите други лица кога им се повредени со акти, дејствија и пропуштања на дејствија од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања и кој презема дејствија и мерки за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и јавните установи и служби.

Во конкретниот случај Народниот правобранител се апострофира во овој труд посебно само како збогатување на лепезата на со Устав предвидените можности за заштитата на човековите права, не навлегувајќи подетално за фактичката улога на овој институт.

Да се надеваме дека сите наши судии ќе ги имаат сите тие атрибути кои се потенцирани во погорниот дел од текстот и ќе допринесат за што поефикасно пружање на заштита за загарантираните човекови права и слободи и во услови кои ја отежнуваат нивната работа поради несигурноста во која се наоѓаат посебно тие кои се поборници на целосната судска независност.

Заклучок

На крајот сакам да верувам дека различитостите кои ги истакнав во овој мој скромен труд кај Вас ќе предизвикуваат една состојба која единствено може да ја збогати вашата лепеза на знаења во правец на заштитата на човековите права и да предизвика можности за размислување за состојбите во Република Македонија и да даде поттик на сите тие кои сакаат во ово правец да дадат доприноси преку афирмација на поставените дилеми со цел да што повеќе нашиот граѓанин и човекот ја осети дека има „некој„ кој се грижи и за нив.

Сигурен сум дека сите ние сме за афирмација на владеењето на правото и делување на правната држава преку независно судство бидејќи единствено преку оваа категорија се можни имплементации на утврдените вредности кои како такви веќе се присатни во Европската Унија во која сите ние си настојувамне да се зачлениме во една блиска иднина.

На крајот, овој труд сакам да е во функција на размислување за искажаните мои обсервации во духот на заштита на човековите права преку апострофирање на состојбите од моја гледна точка.

Сигурно дека во моите тези можно е да нема ништо посебно кое е непознато но сепак сметам дека е поттик за да некој друг биде мотивиран за поинакво решавање на постоечките проблеми.

Доколку било кој интевенира и во правец на негирање на мите искажани мислења сигурно дека ќе бидам задоволен затоа што ќе има алтернација на мислења од кое сигурни би произлегувало позиција која ќе му одговара најповеќе на оној кој има потреба за заштитата на неговите права а такви верувам дека ги има многу.