Македонски Shqip English

Видео: Образованието - прозорец на можности за девојчињата Ромки

Видеото „Образованието - прозорец на можности за девојчињата Ромки“ е изработено во рамките на проектот „Унапредување на правото на образование на децата Роми со посебен фокус на девојчињата Ромки“ реализиран од страна на Институтот за човекови права а финансиски поддржан од Амбасадата на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора

Документарното видео има две цели. Првата цел на видеото е да се мотивираат ромските девојчиња од основните и средните училишта да продолжат со своето образование и да им се прикажат позитивни примери на жени и девојки Ромки кои преку образование оствариле голем успех, станале почитувани и истакнати во своите професионални кругови, и носат општествено одговорни одлуки не само за Ромите туку и за сите граѓани на Р.М. Втората цел е да се прикаже на сите граѓани на Р.М. дека стереотипите треба да се срушат и дека нивното постоење е неосновано имајќи го предвид сѐ поголемиот број жени Ромки кои се високо-образовни и се вклучени во сите сегменти во општеството.

Во видеото успешните жени Ромки го раскажуваат својот пат до успехот, се преставуваат себе си и свoето образование, и со самото тоа стануваат одлични примери за силата на образованието во градењето на карактерот и животот на една жена.

Целна група на ова документарно видео се девојчињата Ромки во основно и средно образование.

Голема благодарност до сите оние кои зедоа учество во оваа видео, кои го истакнаа значењето на образованието и поставија позитивни примери за што се можат да постигнат девојчињата Ромки со помош на образованието. Има уште голем број на позитивни примери на девојки и жени Ромки кои што придонесуваат за подобрување на положбата на ромската заедница, но за жал не се сите во ова документарно видео.