Македонски Shqip English

ИПА - Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

За потребите на проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права“ (финансиран од Делегација на ЕУ во рамките на програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014), а врз основа на Договорот за грант меѓу Делегација на ЕУ и Центарот за управување со промени (ЦУП) бр. IPA/2015/370-719 од 22.11.2015 година и ко-финансиран од Британската Амбасада во Скопје (во понатамошниот текст: Договорот за грант), проектниот тим на Институтот за човекови права испраќа:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

на

ПОВИК 01/2017

за набавка на услуги - ангажирање

ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА

АНАЛИЗА ЗА ПРАВОТО НА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да доставите понуда во согласност со Повикот 01/2017. Прилози:

  1. Повик за доставување понуди 01/2017
  2. Проектна задача ТоР 01/2017
  3. Корекција на ТоР 1-2017

 

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат на писмено на е-маил адреса maja.stojanoska@ihr.org.mk или miroslav.draganov@ihr.org.mk до 06.02.2017 година (понеделник) до 16:00 часот.

Краен рок на доставување на понудите е до 10.02.2017 година (петок) до 16:00 часот.