Македонски Shqip English

ПОКАНА за ФОРУМ

 ПОКАНА за ФОРУМ

 на тема

Состојбата во Република Македонија vis a vis човековите права и слободи

по повод Меѓународниот ден на човековите права

 

 06. 12.2016 , Јавна соба

Почеток 12:00 часот

Почитувани,

 

Ве покануваме на Форумот кој Институтот за човекови права (ИЧП) го организира по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи - 10-ти декември.

 

Институтот за човекови права (ИЧП) како дел од своите активности, во рамките на Институционалниот грант поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, организира Форум со цел да го одбележи Меѓународниот ден на човекови права и слободи. Форумот е насловен Состојбата во Република Македонија vis a vis човековите права и слободи.

 

На Форумот ќе биде ставен акцент на моменталната состојба на промовирање, почитување, гарантирање и заштита на човековите права и слободи во Република Македонија, а за таа цел исто така ќе бидат изложени и фотографиите кои што ни пристигнаа на објавениот Конкурс на тема: Homo sum, humani nihil a me alienum puto“ (Јас сум човек, ништо човечко не ти е туѓо).

 

На Форумот говорници ќе бидат: Претседателката на ИЧП Маргарита Цаца Николоска, поранешна судијка на ЕСЧП и судијка на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, Владиниот агент Костадин Богданов, поранешниот претседател на Уставниот суд на РМ Трендафил Ивановски, Народниот правобранител Иџет Мемети, судијата на Врховен суд и претседател на Здружението на судии Џемали Саити, Гордана Дувњак новинарка на Утрински весник, Филип Медарски адвокат и Воислав Стојановски правен советник во Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ .

 

Би ни било задоволство доколку претставници од Вашата организација/институција присуствуваат на Форумот и со активно учество придонесат за квалитетна и суштинска дискусија.

 

                                                                                       Со почит,

                    Претседателка на Институтот  за човекови права

                  Маргарита Цаца Николоска