Македонски Shqip English

Зголемен јавен надзор врз работата на Судски Совет на Република Македонија

Повик за учество во дискусија во рамки на фокус група

Институтот за човекови права во рамки на проектот „Зголемување на јавниот надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“, поддржан од Британска Амбасада, Скопје, организира дискусија во рамки на фокус група која ќе се одржи на 28 ноември 2016 во 15:00 часот во Скопје.

Дискусијата е со цел да се слушнат ставовите на граѓаните за клучни прашања поврзани со судскиот систем во Република Македонија како и запознаеноста со работата на Судскиот совет на РМ.

Начин на пријавување


Право на пријава за учество во фокус групите имаат сите граѓани кои ги исполнуваат
следниве критериуми:

  1. Да се жители на РМ;
  2. Да се на возраст од најмалку 18 години;
  3. Да не се дипломирани правници.

Учесниците ќе бидат избрани водејќи сметка за застапеност на граѓани со различен степен на образование.

Дискусијата е предвидено да трае од 15:00 до 17:00 часот. За учеството на настанот ќе биде обезбеден надоместок од 900 денари.

Сите заинтересирани лица може да аплицираат со пополнување на Пријавата за учество во дискусија во рамки на фокус група, која може да се најде на следниот линк.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на албански јазик.

Рокот за пријавување за учество е вторник, 22 ноември 2016 година. Избраните кандидати ќе бидат контактирани на електронската адреса или телефонскиот број наведен во пријавата.