Македонски Shqip English

Институтот за човекови права – дел од работната група за измени на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Институтот за човекови права (ИЧП), заедно со група граѓански организации и претставници на релавантни институции на покана на Министерството за труд и социјална политика, активно учествуваат во работната група за измени и дополнувања на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Првата средба на работната група се одржа на 12 јули 2016 година, а подоцна следеа уште пет средби вклучувајќи ја и интензивната средба одржана на почетокот од месец ноември годинава. На овие средби на кои што интензивно се разработуваат предлози за измени на Законот, Институтот за човекови права го претставуваат: Претседателката на ИЧП Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија на ЕСЧП, Вера Коцо – судија на Врховен суд на Р.М. во пензија и член на Управниот одбор на ИЧП и Мирослав Драганов – Извршен директор на ИЧП.

Средбите од работната група се одржуваат во рамки на проект поддржан од мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.