Македонски Shqip English

Зголемен јавен надзор на работата на Антикорупциска и Антидискриминациска комисија

Трибина за транспарентна и отчетна Анти-дискриминациска комисија

Банер.png (35 KB)

На 14ти ноември се одржа трибина за транспарентна и отчетна Антидискриминациска комисија, на која беше презентирана Анализата на законскиот мандат на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и предусловите за транспарентност, отчетност и ефективност изработена од ЕСЕ и Институтот за човекови права. Во повеќе наврати беше истакнато дека примарен проблем на кој треба да се делува е изборот на нови членови на Комисијата на транспарентен начин, согласно со законските одредби и рокови, кои веќе одамна се пробиени. Присутните се согласија дека самиот избор на членовите на Комисијата не е предуслов за да може да се обезбедат останатите потреби на Комисијата, како соодветен простор во кој би можела да функционира комисијата, соодветен буџет за нејзиното работење и административно стручна служба, но е есенцијално да се спроведе што поскоро.

Трибината е во рамки на Проектот Зголемен јавен надзор на работата на Антикорупциска и Антидискриминациска комисија кој е поддржан од Британската Амбасада.

DSCN6308-min.JPG (1.20 MB)

DSCN6314-min.JPG (1.00 MB)