Македонски Shqip English

Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството

Втора работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството

 

Банер.png (51 KB)

На 31ви октомври и 1ви ноември 2019г. се одржа втората Работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството, во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ наменета за судии и судска администрација од Штипското апелациско подрачје.

Во текот на дводневниот настан присутните судии заедно со дел од вработените на судската администрација од сите девет судови во Штипското апелационо подрачје споделуваа искуства од секојдневната пракса на судовите.

Работилницата ја отвори претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска и заедно со програмскиот менаџер од Центар за правни истражувања и анализи Никола Јовановски дадоа краток осврт на претходните и тековните проектни активности и очекуваните резултати.

Во поздравните обраќања, исто така, на присутните се обратија и претседателот на Здружението на судската администрација – Сашо Темелкоски, и судија Емилија Јовановска Шопар, членка на Управниот одбор на Здружението на судии кои ги претставија своите здруженија и нивните напори за подоборување на состојбите во судството, и ја потенцираа нивната активна вклученост во проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“.

За првпат на овој настан во проектот се вклучи и Судскот совет на  Судскиот Совет на Република Северна Македонија чии преставник - судија Сашко Георгиев имаше свое излагање. Во текот на своето излагање, претставникот од Судскиот совет ги истакна заложбите и реализираните активности на Судскиот Совет во изминатиот период и планираните идни активности.

На оваа втора работилница, од предвидените вкупно пет работилници, се дискутираше за теми од областа на ефикасноста, ефективноста и транспарентноста на работењето на судовите, од аспект на судиите и судската администрација. Беа дискутирани предизвиците со кои судиите и судската администрација се соочуваат при својата работа, условите за нивната ефективност и ефикасност и потребата за транспарентност. Цел на овие дискусии беа да ги приближат искуствата и да ги евидентираат несогласностите кои се појавуваат во текот на работењето и влијаат на горенаведените начела за успешно редовно работење.

Предавачи на работилницата беа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители – Наташа Габер-Дамјановска, проф. Д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет Јустинијан Први, Лидија Таневска Јадровска – Шеф на кабинет на Претседателот на Врховниот суд на РСМ и судија Лазар Нанев од ОС Кавадарци.

Во своите сесии, директорката на АСЈО Наташа Габер – Дамјановска се осврна на статусот на судиите (принципи и пракса) според меѓународните и домашните правни рамки, а во своето интерактивно излагање заедно со присутните дискутираа за случаи од праксата на ЕСЧП. 

Лидија Таневска Јадровска – Шеф на кабинет на Претседателот на Врховниот суд на РСМ зборуваше за справување со стресот во секојдневието и професијата, организација на работа и управување со времето како и за важноста на ефикасна интерна и екстерна комуникација на судовите.

Професорката Гордана Лажетиќ од Правниот факултет Јустинијан Први во своето излагање ги опфати темите ,,Ресурси во судството како предуслов за ефективна судска правда како и темата ,,Управување со предмети во функција на интероперабилност‘‘.

Целта на овие работилници претставува, различните теми изложени од страна на предавачите да створат целина која покрај редовното работење на судиите и судската администрација, да ја подигне свеста за неопходноста за поголема интерна и екстерна комуникација на вработените во судските институции како и совладување на техники за справување со стресот и во секојдневието и професијата и организација на работата и работното време.

Судијата Лазар Нанев се произнесе во делот за транспарентност на судството, градењето на интегритетот на судиите, а посебно се осврна на АКМИС системот и дисциплинската наспроти етичката одговорност на судиите како сегменти на отпочнатиот процес на реформи на судскиот систем.

Во текот на наредната година ќе бидат одржани уште три работилници од овој вид, а заклучоците ќе бидат преточени во финален документ Заеднички протокол, каде ќе бидат предложени насоки за подобрување на ефикасноста и ефективноста на судството.

Проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ е финансиран од страна на ЕУ преку СФЦС и Британската амбасада Скопје a е имплементиран од Институтот за човекови права во партнерство со Центар за правни истражувања и анализи со поддршка на Здружение на судиите на Република Македонија и Здружение на судска администрација како здруженија соработници.20191108155440.jfif (667 KB)

 

DSCN6195-min.JPG (931 KB)

DSCN6217-min.JPG (1001 KB)

DSCN6198-min.JPG (1011 KB)

DSCN6225-min.JPG (882 KB)

DSCN6230-min.JPG (889 KB)

 

 

DSCN6269-min.JPG (995 KB)