Македонски Shqip English

ОГЛАС за ангажирање на лице задолжено за комуникации и односи со јавност

Институтот за човекови права (ИЧП) има потреба од лице задолжено за комуникации и односи со јавност кое ќе се грижи за целокупната видливост на работата на Институтот и одржување на односите со јавноста.

 

Обврски во рамки на ангажманот:

 

  • Подготовка на печатените и електронски комуникациски материјали на ИЧП како публикации, соопштенија за медиуми, брифинзи, инфографици и др. ;
  • користење на алатки за визуелизација на податоци, веб комуникации, дизајн и социјални медиуми;
  • објавување содржини на веб страната и на социјалните медиуми на ИЧП;
  • следење на седниците на Судскиот совет на РМ и следење на работата на институциите и организациите кои преземаат активности директно или индиректно поврзани со работата на Судскиот совет, и врз таа основа креирање ефективни соопштенија и информации кон јавноста и специфичните целни групи;
  • дневно ажурирање и внесување содржини на мобилната апликација „Судски совет под лупа“;
  • извршување на други задачи во согласност со потребите на ИЧП.

 

Потребно формално образование:

 

  • Завршени додипломски студии во областа на комуникации, новинарство, правни студии или друга релевантна област. За предност ќе се сметаат работно искуство и/или неформално образование во областа на комуникации.

 

Потребни вештини и практично искуство:

 

  • Работно искуство (вклучувајќи волонтерство и практикантство) во односи со јавност, дигитални комуникации, интернет портали и социјални медиуми, веб страни итн.;
  • работа на проекти во областа на човекови права;
  • одлично познавање на македонски и англиски јазик и високо развиени вештини за уредување и лекторирање на текстови на двата јазика;
  • висока способност за работа на компjутер и интернет (Word, Excel, Power Point, Outlook, Dropbox, Google Drive и сл.), како и активно користење на мобилни апликации;
  • одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • флексибилност за тимска работа во динамична средина, работа во и надвор од канцеларија, подготвеност за комуницирање со различни целни групи.

 

Потребни документи за пријавување:

  • CV – кратка биографија во европски формат на македонски јазик;
  • мотивациско писмо до 1.000 карактери.

 

 

Рок за пријавување: 21.01.2019 година (понеделник)

 

Кандидатите може да ги достават документите електронски на емаил: ihr@ihr.org.mk и miroslav.draganov@ihr.org.mk во наведениот рок за пријавување, при што предмет на пораката да биде: ПРИЈАВУВАЊЕ  НА ОГЛАС.

 

Пријавите пристигнати по наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Сите прашања кандидатите може да ги постават по електронски пат на наведените емаил адреси најдоцна до четврток, 17.01.2019 година, до 16:00 часот.

 

Забелешка: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор согласно наведените критериуми, ќе бидат контактирани најдоцна до 31.01.2019 година.