Македонски Shqip English

Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РМ

Известување за одржан Јавен настан „Судски совет под лупа“ – Судскиот совет и неговата улога во правосудниот систем на РМ

Институтот за човекови права (ИЧП) на 18 октомври 2018 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје одржа настан на кој ги промовираше: мобилната апликација „Судски совет под лупа“, Мониторинг извештајот за период јуни-септември 2018 и Методологија на следење на работата на Судскиот совет, сите во рамки на проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РМ“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Во својот поздравен говор британскиот заменик Амбасадорот Н.Е. Доменик Отвеј изрази задоволство од иновативноста на мобилната апликација како модерна алатка за приближување на работата на Судскиот совет на РМ која ќе придонесе за негова поголема видливост и транспарентност.

DSCN4590.JPG (3.39 MB)

Во првиот дел од настанот, извршниот директор на ИЧП Мирослав Драганов, ја презентираше мобилна апликација „Судски совет под лупа“ која во себе содржи детални информации за работата на Судскиот совет, поделени во следниве четири категории:

- Бриф информации – известувања од седниците на Судскиот совет

- Новости – информации за закажани и одложени седници, Судскиот совет во работата и извештаите на домашни и интернационални институции, тела и организации, како и кратко сумирање на законски измени поврзани со работата на Судскиот совет.

- Квартални извештаи - Мониторинг извештаи на ИЧП од следењето на работата на Судскиот совет.

- Поврзани документи – истражувања, анализи, документи за јавни политики, годишни извештаи за работата на Судскиот совет како и законски измени во целост објавени во Службен весник, а кои се однесуваат на неговите надлежности и работа.

Мобилната апликација „Судски совет под лупа“ сите заинтересирани можат да ја преземат на Google play и App Store, или пак на следните линкови:

https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.ihr.app

https://itunes.apple.com/mk/app/sudski-sovet-pod-lupa/id1177454530?mt=8

 

Во вториот дел од настанот, Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Јасна Бaчовска Недиќ ја презентираше Методологија на следење на работата на Судскиот совет: транспарентност, отчетност и ефективност.

На настанот беше презентиран и кварталниот Мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ“ бр.1 за период јуни-септември 2018 година, како и измените на Законот на Судски совет, со осврт на придобивки и предизвици од наведените измени а за кои подетални информации се содржани во Документот за јавни политики во однос на поставеноста и работењето на Судскиот совет објавен вчера на веб страната на ИЧП www.ihr.org.mk.