Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано во Скопје, во 2009 година, со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност, анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија како и дискусии за општата јавност.
Обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права и слободи преку истражување анализа, едукација, застапување и други начини на дејствување.
Институтот за човекови права - кредибилен и препознатлив чинител во дејстување во насока на целосно обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права и слободи.
Симбиоза на знаење и искуство во областа на човековите права и слободи и ентузијазам во спроведување на визијата и мисијата.
Еднаквост и недискриминација
Социјална кохезија
Транспарентност и отчетност
Професионалност
Демократски дијалог и управување