Проектот има за цел да го задоволи интересот на јавноста за поголема отчетност на Судскиот совет на РСМ преку употреба на докази и зголемена комуникација со јавноста и истовремено да ја зголеми прокативната улога на Судскиот совет во однос на неговата ефективност и транспарентност.
Период 1 јуни 2018 - 31 март 2020
Донатор Британска амбасада
Резултати на проектот:
- Утврдување на главните пречки во однос на исполнување на целосна транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет, идентификувани преку детална анализа на внатрешните капацитети и структура, како и давање на препораки за подобрувањe дизајнирани и презентирани со детален Акционен план.
- Политиките / практиките на Судскиот совет ги одразуваат препораките за подобрување
- Развиени комуникациски производи за информирање и комуникација со јавноста во однос на работата на Судскиот совет
Активности:
- Подготовка на документ за политики за внатрешните капацитети и структура на Судскиот совет за идентификување на пречките за транспарентно, отчетно и ефективно извршување на работата Судскиот совет на РСМ;
- Развивање на Акционен план со предлози за намалување на предизвиците;
- Континуирано следење на отворените сесии и објавување на Квартални мониторинг извештаи;
- Организирање на 8 јавни настани - 4 стручни дискусии и 4 прес-конференции;
- Изработка на Водич за комуникација со јавност на Судскиот совет на РСМ и организирање на работилница со членовите на Судскиот совет на РСМ;
- Надградба на мобилната апликација "Судски совет под лупа"
- Изработка на 4 видеа и инфографици.
Засегнати страни: *Судски совет на РСМ *Судии*Правни практичари и експерти.
Крајни корисници: сите граѓани на РСМ