Македонски Shqip English

"Homo sum, humani nihil a me alienum puto"

„Јас сум човек, ништо човечко не ми е туѓо“

Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано во Скопје, во 2009 година, со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност, анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија како и дискусии за општата јавност.

Проекти

Публикации

Правен дијалог

Стручното списание „Правен дијалог“ кое го издава Институтот за човекови права (ИЧП) овој пат е поддржано од програмата на Цивика Мобилитас. Првото издание на Правниот дијалог беше објавено на 20 Ноември 2010 година, а почнувајќи од 10то издание објавено во Јуни 2016 година, Правниот дијалог се објавува на квартално ниво.

Бараме итно ставање на дневен ред на Собранието на Законот за социјална заштита и дополнувањето на Законот за заштита на деца

Закон за социјална заштита и дополнувањето на Законот за заштита на деца

На светскиот ден на социјалната правда, бараме и очекуваме, народните избраници да ги издигнат на приоритетно место, и да се заложат за исполнување на потребите на граѓаните од областа на социјалната заштита.

Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството

Почетниот настан за одбележување на ИПА 2014 Грантова шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор

На 31.01.2019 во, ЕУ Инфо центарот во Скопје, во рамките на Почетниот настан за одбележување на ИПА 2014 Грантова шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор", Институтот за човекови права го промовираше проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ .

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Обука за жени претприемачи за развој на микро-претпријатија во регионот Полог - Р. Македонија

Првата од предвидените 12 обуки на двете страни на границата, беше на тема „Женски права и родова еднаквост, трговско право и отворање на трговски друштва“ и даде сеопфатен осврт на законските регулативи и потребните обрасци и документи во Р.Македонија поврзани со релевантните теми.

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Обука за жени претприемачи за развој на микро-претпријатија во регионот Елбасан Р. Албанија

Обуката беше на тема „Женски права и родова еднаквост, трговско право и отворање на трговски друштва“ и даде сеопфатен осврт на законските регулативи и потребните документи во Р.Албанија поврзани со релевантните теми.

Вечери на женски права 2018

Премиера на докуменарниот филм „Еднакви“

Со филмот „Еднакви“ ја одбележуваме 110 годишнината од борбата за родова еманципација на нашите борки Роза Плавева и Наќие Бајрам.

Partners & Donors

Ciica Mobilitas European Union British Embassy Canadian Embassy Kingdom of Netherlandss