Македонски Shqip English

Форум за човекови права

На 6 декември 2017 година (среда) во ЕУ Инфо Центар, во организација на Институтот за човекови права се одржа Форум за човекови права посветен на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи - 10-ти декември.

На Форумот беше ставен акцент на моменталната состојба и промовирањето, почитувањето, гарантирањето и заштитата на човековите права и слободи на маргинализираните групи во Република Македонија. Исто така, беше промовирано видеото „Илустрирани човекови права“ кое што ИЧП го изработи по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи.

На Форумот за човекови права говорници беа: Маргарита Цаца Николовска - Претседателка на ИЧП и поранешна судијка на ЕСЧП и судијка и потпретседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, Светлана Цветковска - советник за недискриминација во Министерството за труд и социјална политика, Петруш Тоинес - Меѓународен лидер на тимот на програмата Цивика мобилитас, Искра Росо - Извршна директорка на здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ и Петар Јорданоски - Канцеларија на Совет на Европа во Скопје. 
На Форумот бидат изложени и фотографиите кои што ни пристигнаа на објавениот конкурс на тема: „Човековите права преку слика“.
Исто така, присутните на Форумот има можност да ги изберат најдобрите три фотографии пристигнати на конкурсот „Човековите права низ слика“.
Овој Форум бешe дел од активностите кои ИЧП ги реализира во рамките на Институционалниот грант поддржан од Програмата Цивика Мобилитас.